7.8 C
Скопје
12:57 - 22 декември, 2024

Човекот кој ги спаси порно ѕвездите и стриптизетите – се вика Лео Радвински, Украинец е ама живее во Америка, веќе е милијардер и сопственик е на ОнлиФанс!

Името на новиот милијардер е Леонид Радвински, познат како Лео, роден како Лав (во Украина) и само што наполни 40 години, тој е претприемач, инвеститор, филантроп и тој е… сопственик на OnlyFans!

Тој е основач на страницата за која најмногу се зборува, ѕирка, клика и која во последните 2 години ги спаси од невработеност порно ѕвездите и манекенките и стриптизерите и проститутките и обичните луѓе. Секој може да заработи на Онлифанс, некои по 100 евра дневно а некои и убави суми,  со гарантирано посакуваното богатство на оваа ера: медиумска слава.

Милијардерот Лео е алергичен на медиумите: роден во Украина, во Одеса, тој се смета себе за Американец, бидејќи на 6-годишна возраст, со мајка му Ана и таткото Савели, емигрирал во САД. Но, ако сакате да дознаете нешто „поинтимно“ за овој млад човек кој стана еден од порно бизнисмените… нема баш многу да дознаете. Зашто за Лав, односно Лео, малку се знае. Ретко ќе налетате и на негова фотографија, но она што се знае за Лео е дека неговиот имот (проценка на Форбс) изнесува 1,1 милијарда долари!

Како овој мистериозен господин успеал да акумулира толку многу пари е тема на широка и неубедлива дебата. Во секој случај, во средината на пандемијата во 2020 година – OnlyFans експлодира, станувајќи од полунепознат сајт – суперѕвезда, успевајќи да го зголеми својот промет за 540 проценти (и само во 2020 година!).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OnlyFans (@onlyfans)

Лео бил богат и порано и секогаш благодарение на порно индустријата. Тој е креатор на MyFreeCams, веб-страница за видеа каде моделите можат да заработат пари преку нивните секси шоуа во живо.

Роден претприемач, ако е вистина – на само 17 години бил – не формално, туку под потпис на неговата мајка – на чело на мала дигитална компанија. Откако дипломирал со почести по литература и економија на Универзитетот Нортвестерн, Лео управувал со портали кои го канализирале сообраќајот до сајтови за возрасни, а за тоа бил обвинет – без доказ – дека дозволил пристап и до нелегални сајтови за зоорастична и малолетничка порнографија.

Лео Радвински отсекогаш негирал сè, нема докази против него и, иако не сака да разговара со медиумите – нема интервјуа со него – неговото име стана познато кога Амазон и Мајкрософт го тужеа за спам кампањи користејќи ги имињата на Амазон и Мајкрософт. Но и за ова Лео демантираше се и случајот беше затворен надвор од судот.

Веќе извесно време Лео го напушти Чикаго и кнежевскиот пентхаус на 81-от кат на Аква Тауер, за уште покнежевски замок со импресивен терен за голф, во Бока Ратон, Флорида, а во пресели и дел од неговите активности. Лео поседува луксузни недвижнини и обработливо земјиште во Илиноис и јахта што ја нарекол „Црно Море“. Сака да игра шах, но и да вози  хеликоптери. Некои велат дека политички „игра“ со двете партии, зашто во неговата куќа има врамена фотографија со потписи на американски претседатели од последните 30 години. А како дошол до оваа колекција, и тоа е непознато.

Неодамна се појави една апсурдна приказна од руската пејачка Наташа Королева (48), мажена и мајка на постар син, која изјави на телевизија пред нејзиниот сопруг дека таа за исплата од 2,4 милиони долари ги продала своите јајце-клетки за да можат двајца нејзини многу богати пријатели хомосексуалци, Украинци и емигранти во САД, да добијат дете со сурогат мајчинство. Детето е родено во ноември 2019 година и живее на Флорида. А Наташа еднаш го видела. Кој му е татко? Се зборува дека тоа е Лео Радвински!

Штета што Лео испадна дека е стрејт и некогаш бил оженет, а сега разведен и без деца…

Лео порасна во САД, но во душата останува Украинец: тој е на страната на Зеленски, ама не само со зборови: веднаш штом Русија ја нападна Украина, Зеленски побара пари, исто така преку социјалните мрежи и во криптовалути, а Лео Радвински веднаш му испратил цифра од 1,3 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OnlyFans (@onlyfans)

 

Слични објави

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо
Се вчитува....