05:05 - 14 ноември, 2026

(Видео) Вива ла вулва! Гвинет Палтроу лансираше нова секс-играчка, „мал но моќен“ вибатор

Гвинет Палтроу ги претстави новите секс играчки на својот бренд Goop со иронично видео на Инстаграм. „Мал, но моќен“ вибратор, како што стои во натписот на објавата, со елегантен и иновативен дизајн.

инстаграм

Актерката, која веќе некое време продава еротски играчки, свеќи и слични секси додатоци, на својот сајт, никогаш не ја криела оваа сензуална страна од неа, напротив. „Потиснувањето на сексуалноста, особено женската, е контролна алатка веќе долго време. Им помагам на жените да стапат во контакт со нивните тела и да не се срамат ако сакаат секс“, изјави своевремено Палтроу.

Новиот вибратор создаден од ѕвездата се вика Viva La Vulva (да живее вагината) и се продава на нејзината е-страница по цена од 95 евра. За да го претстави лансирањето на новиот производ на Goop, Гвинет Палтроу го сними ова мини видео кое потоа беше објавено на социјалната мрежа. Видеото ја прикажува актерката во нејзиниот дом во Калифорнија како се обидува да разбере од каде доаѓа музиката во позадина. Во собата одекнува Примавера на Вивалди.

„Алекс исклучи ја музиката“, прашува Палтроу, но уредот одговара дека не свири песна. Потоа, таа сфаќа. Бела кутија лежи на масата, внатре има зелена секси играчка во форма на полумесечина. Штом актерката ќе го исклучи вибраторот, музиката престанува, јасна референца за тоа како овој мал „но моќен“ објект може да пренесе небесни сензации, исто како нотите на композицијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow)

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....