16.8 C
Скопје
18:01 - 25 март, 2026

Чолиќ по инцидентот се врати на сцената – Еве што прави музичката легенда периодов!

здравко чолиќ

Здравко Чолиќ повторно е фокусиран на музиката и подготовките за претстојните настапи, по немилиот настан со бомбашкиот напад врз неговиот дом на 3 февруари.

Познатиот пејач неодамна беше сослушан во обвинителството, но одлучи да не се приклучи на кривичното гонење на осомничените, истакнувајќи дека нема непријатели.

По завршувањето на обврските поврзани со случајот, Чолиќ најголем дел од времето го поминува на проби со својот оркестар, подготвувајќи се за новата концертна турнеја. Пробите, како што пренесуваат медиумите, траат со часови, а пејачот внимателно работи на секој детаљ.

На социјалните мрежи тој сподели дел од атмосферата од пробите, каде оркестарот ја изведува песната „Глава луда“, додека Чолиќ внимателно ја следи изведбата.

Во меѓувреме, поранешниот припадник на службата за државна безбедност, Божидар Спасиќ, во телевизиско гостување изнесе свои ставови за случајот. Според него, станува збор за дело кое се гони по службена должност, без разлика на тоа дали оштетениот ќе се приклучи на постапката.

„Државата ќе го гони случајот, но оштетените имаат право да се приклучат за да побараат надомест на штета“, изјави Спасиќ.

Тој додаде дека е можно зад извршителите да стои нарачател, посочувајќи дека ваквите дела најчесто ги извршуваат лица кои се ангажираат за конкретна задача.

„Тие се извршители, но најчесто постои некој зад нив. Можно е Чолиќ да има свои претпоставки, но да одлучил случајот да го препушти на институциите“, рече Спасиќ.

Инаку, за нападот се уапсени три лица, на кои им е одреден притвор до 30 дена. Според информациите, двајца од нив се осомничени како директни извршители, додека третиот се товари дека обезбедувал експлозивни направи.

И покрај настаните, Чолиќ останува посветен на музиката и подготовките за настапите, со кои, како и секогаш, има за цел да ја израдува својата публика.

Слични објави

(Видео) Се налути Марјан Коцев: Ме викаат на свадби, а ми забрануваат да пеам мои песни

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

(Фото) Викна обожавател на сцената, па се изненади: Џенифер Лопез урнебесно реагираше на настапот во Лас Вегас

Еспресо

„Ана Николиќ е навистина напорна“ – Познатиот дизајнер за драмата со пејачката: „Веднаш ја блокирам“

Еспресо

Аца Лукас не ја смета Цеца за идеална жена: „Јас сакам паметни жени, а рурални жени не ме интересираат“

Еспресо

(Фото) Во шорцеви на настап: Маја Панчева никогаш не изгледала подобро

msp-admin
Се вчитува....