22:03 - 4 август, 2026

Бугарката Силва пресреќна, Швајнштајгер купил недвижност од 12 милиони евра

Повеќе од една година, една од главните теми на светските и регионалнати медиуми беше крахот на деветгодишниот брак помеѓу српската тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер. До тоа првенствено дошло поради тајната врска на Швајнштајгер со Естер Седлачек и шокантната афера со Бугарката Силва Капитанова, со која во моментот е во врска, пишува српски „Курир“.

Бастијан Швајнштајгер е во врска со Силва Капитанова, а медиумите објавуваат дека германскиот фудбалски ас купил имот во Палма де Мајорка, Шпанија, каде што двојката наскоро ќе почне да живее заедно.

– Оваа вила се гради повеќе од две години, а планот е да биде готова до летото следната година. Бастијан веќе некое време бара нов дом на Мајорка за себе и Силва, а откако разгледа неколку локации, се одлучи за оваа покрај морето. Кога ќе се собере колку пари досега дал за изнајмување на хациендата во која живее со својата девојка, многу повеќе му се исплаќа да купи недвижност. Иако таа е сè уште во сива фаза, тој ја капариса пред неколку месеци. Сето ова се случило веднаш по помирувањето со Силва, но и во екот на семејната драма, додека во строга тајност се водат две судски постапки во врска со разводот од Ана. Секако, Силва е пресреќна. Сите нејзини соништа се остварија – раскажал соговорникот за „Курир“ и продолжил:

– Вилата има повеќе од 1.500 квадратни метри, а се простира на голем имот од 3.000 квадратни метри, на карпите покрај самото море. Знам дека почетната цена била 12 милиони евра и дека за неа имало повеќе заинтересирани лица од Германија и Велика Британија. Ако некогаш одлучи да ја продаде, ќе може да добие и повеќе од двојно. Работите се во полн ек, тука е и голем кран. Куќата ќе има четири ката. На најниското ниво се планирани гаража, технички простории и спа центар, потоа приземје, на првиот кат ќе има станбена дел со големи тераси, додека на вториот кат е планирана луксузен простор а со растенија и поглед. Опкружена е со зеленило и палми, а нивната приватност ќе биде загарантирана – заклучил изворот.

Инаку, српски „Курир“ објави и фотографии од вилата во изградба на Мајорка.

Швајнштајгер на 1 август го прослави 42-от роденден. Поранешниот фудбалер објави фотографија со торта и украси на социјалните мрежи, а потоа им се заблагодарил на сите што му упатиле убави желби по повод посебниот ден.

Слични објави

Има 53 години и сѐ уште воодушевува со својот изглед

Е.А.

По периодот исполнет со скандали, Аца Амадеус објави фотографија со 23 години помладата девојка Барбара 

Е.А.

(Фото) Аница Лазиќ ужива во Италија: На одмор замина без Лазар Ристовски

Еспресо

(Фото) Бојана Лазиќ блесна во црвен костим за капење на одмор во Црна Гора

Еспресо

Хит — Ана Николиќ ги насмеа сите откако ѝ честиташе на Анастасија Ражнатовиќ, но означи погрешен профил

Е.А.

(Фото) Горан Папаз и Наташа ги крстија близнаците во Охридското Езеро

Еспресо
Се вчитува....