08:18 - 15 јануари, 2026

Брижит Бардо ќе мора да плати вртоглави 20.000 евра за јавна навреда

брижит бардо

Големото име на светската кинематографија Брижит Бардо, која пред две години жителите на Реунион ги нарече „домородни луѓе со дивјачки гени“ е осудена на казна од 20.000 евра за јавна навреда, пренесуваат француските медиуми.

Поранешната актерка, која се посвети на борбата за заштита на животните и стана вегетаријанец, во март 2019 година испрати отворено писмо до властите на Реунион, во кое наведува дека „добила еден куп писма во кои се осудува варварството на жителите над животните“.

Тогаш, навела дека жителите на Реунион се „домородни луѓе кои ги зачувале гените на дивјаците“, а островот го нарекла „Ѓаволски остров со дегенерирано население кое ги зачувало варварските традиции и корени“.

87-годишната Бардо подоцна се извини, оправдувајќи го својот гнев со, како што истакна во тоа време, „трагичната судбина“ на животните на островот.

Актерката, која беше најпопуларна во 1960-тите, се пензионираше на врвот на својата кариера, а потоа целосно се посвети на борбата за заштита на животните.

Позната по тоа што често не бира зборови во изјавите и реакциите во врска со настани во општеството, особено кон односот кон животните, таа секогаш привлекува големо медиумско внимание во Франција.

Слични објави

Дневен хороскоп за 15 јануари: Идеален ден за преземање иницијатива

apostolova

(Фото) Луѓето шокирани од најновата објава на Колинда: „Како девојка 20 години помлада“!

Еспресо

„Не знам како да се носам со болката“: Огласувањето на Ана Бекута по скандалот во Чачак

apostolova

Сека Алексиќ жестоко за нападот врз Ана Бекута во Чачак: „Многу ми е жал, таа нема ниедна дамка во кариерата“

Еспресо

Поранешниот сопруг на Марија Микиќ го „запали“ интернетот: Се соблече и го покажа мокрото тело

E.A.

(Фото) Еден посебен детаљ ги разнежи гостите на првиот роденден на Лена, ќерката на Павле и Ирина Камилоски

Еспресо
Се вчитува....