17:04 - 9 јануари, 2026

Бритни Спирс се соочува со многу потешки медицински проблеми отколку што е откриено: „Кога луѓето само би знаеле…“

Бритни Спирс веќе некое време е надвор од старателството на нејзиниот татко Џејми Спирс, но има и блиски до пејачката од А-листата тврдат дека таа минува низ далеку поделикатна ситуација.

Поради загриженоста, луѓето блиски до неа, вклучително и нејзиниот сопруг и докторите, сакаа да направат интервенција за Спирс да оздрави.
На крајот, интервенцијата не се случила, но сепак Бритни отишла и го посетила докторот, а блиска личност на Бритни зборува „Пејџ Сикс“ за нејзината здравствеа состојба.

Инсајдерот спомна дека „никој надвор од многу малиот круг на блиски луѓе не знае каков е навистина медицинскиот статус на Бритни“. „Кога луѓето би го знаеле вистинскиот медицински статус на Бритни, мислам дека тоа би открило дека нејзините ментални проблеми се многу потешки отколку што луѓето сфаќаат“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by River Red (@britneyspears)

Изворот понатаму продолжува дека „без оглед на нејзината ментална состојба, не е нужно таа да биде под старателство на татко ѝ. Има помалку сурови начини да се справи со тоа“.

Бритни пак, целосно не се согласува за она што се зборува во медиумите, кои тврдат дека таа за малку ќе умрела. Напротив, тоа дополнително ја разбеснило и ја мотивирало да сними видео во кое споменува дека е многу досадна личност и дека зема Прозак поради депресијата.

Спирс се изјасни во видеото „Оваа недела во медиумите пишуваше дека за малку ќе умрев и дека имам менаџер и „доктори“!!! Немам менаџерски тим ниту пак ќе имам никогаш повеќе во мојот живот!!! Немам „лекари“!!! Јас земам Прозак за депресија и тоа е тоа отприлика!!!“.

Бритни ја сподели и својата фрустрација тврдејќи дека „Ме фрустрира што знам дека било кој медиум известува нешто од ова !!! Тоа е полошо од сурова шега бидејќи луѓето всушност веруваат во овие работи и во сите мои напори да се подобрам со мојата мала рутина на молитва. И се чини дека терапијата не важи кога луѓето можат да кажат работи што се неверојатно погрешни!!!”, заклучи таа.

Но самата лутина која ја истура во видеото и бројот на извичници со кои се обраќа во напишаната објава, сами по себе, се загрижувачки и покажуваат дека не е баш во добра состојба.

 

Слични објави

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо

Нов удар кон семејството: Бруклин Бекам им забранил на родителите директен контакт, можат да го бараат преку адвокат

Еспресо

Катарина Грујиќ откри како реагирал татко ѝ кога одлучила да вгради силикони на 20-годишна возраст: „Ме викаа клемпава, а другиот прекар ми беше даска“

Еспресо

Го изненади со патување за роденден: Тамара Тодевска објави уникатна приказна

msp-admin

(Фото) Српската државна рекордерка и учесничка во реалното шоу „Ексатлон“ пренесена во итна помош! Доживеала ужасна повреда

Еспресо

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ пак во болница во Германија, уште една болка по тешката операција

msp-admin
Се вчитува....