20:10 - 2 април, 2026

Бритни Спирс пак го избриша Инстаграм пофилот: Фановите се во тревога, ѝ испратиле полиција во домот

Таканаречената принцеза на попот, Бритни Спирс, го избришала својот Инстаграм профил и веднаш нејзините милиони фанови се вознемириле, почнале да измислуваат секакви теории и да се грижат за нејзината безбедност, толку многу што на крајот се јавиле во полиција да дојдат кај неа дома за да проверат дали пејачката е добро.

Непредвидливото однесување на Спирс во последните месеци, кое ескалираше пред неколку дена кога таа приреди скандал во еден ресторан во Лос Анџелес, ги натера нејзините милиони обожаватели да веруваат дека изведувачката на „Токсик“ е во лоша психичка состојба.

Иако ова не е првпат Бритни да го брише својот профил на Инстаграм, овој пат таа го вклучи алармот меѓу обожавателите затоа што веруваат дека можеби е во опасност да се повреди. Затоа повикале полиција да провери дали е добро.

Полицијата изјавила дека нема причина да се верува дека Спирс е во опасност, иако не појаснила дали разговарале директно со Бритни или со некој друг кој ги уверил дека е добро.

Бритни пред неполни две недели беше во ресторан во Лос Анџелес со својот сопруг Сем Асгари и одеднаш доживеа манијакален напад, почнала да зборува глупости и да станува агресивна.

Пред неколку дена шокираше и со промената на името на Инстаграм во Ривер Ред:

„Го сменив името во Ривер Ред. Не ја потценувајте моќта на чистотата“.

 

Слични објави

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova

Ова сигурно не го знаевте! Бајага напишал голем хит за Весна Змијанац

Еспресо

(Фото) Аница Лазиќ го оперирала носот: Еве како сега изгледа девојката на Лазар Ристовски

Еспресо

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо
Се вчитува....