3.8 C
Скопје
03:41 - 6 октомври, 2026

(Видео) Таткото на Новак Ѓоковиќ меѓу проруските и про-Путин знамињата на Австралија Опен: „Да живее Русија“

За поддршка на Владимир Путин и војната во Украина – во Австралија, а пред се во контекст на спортски настан, контексти кои немаат многу врска со политиката, а уште помалку со изразите на поддршка за застапниците на конфликтот – некои навивачи ја искористија приликата за да го искажат своето мислење за војната, а меѓу нив бил и таткото на Новак Ѓоковиќ.

Проруските знамиња, вклучително и едно со ликот на Путин, биле изложени во близина на Род Лејвер арената од група навивачи по победата на српскиот шампион, веќе број еден во светскиот тенис, и кренаа врева на Австралија опен во Мелбурн.

А уште поголема врева прави веста дека таткото на Ноле, Срѓан Ѓоковиќ ги покажал истите симпатии, сите пред очите на камерите. Лик кој не е нов на позициите што предизвикуваат дискусија, како во случајот со Ковид и вакцините.

Австралиската тениска федерација соопшти дека четири лица „покажале несоодветни знамиња и симболи и им се заканувале на чуварите“ во паркот Мелбурн пред да бидат избркани од полицијата.

Видеото подоцна објавено на јутјуб од страна на еден австралиски канал, го покажува Срѓан Ѓоковиќ, таткото на тенисерот, како позира со човекот кој го држи знамето со ликот на Путин. Насловот на снимката гласи: „Таткото на Новак Ѓоковиќ дава смела политичка изјава“.

Сцените пак, се опишани како „срамни“ од украинскиот амбасадор во Канбера.

За да го потврдат идентитетот на таткото на тенисерот, спортски новинари се втурнаа во истражување. Според весникот Мелбурн Ејџ, Срѓан на српски рекол: „Да живее Русија“.

„Гледачите не смеат да истакнуваат руски или белоруски знамиња за време на турнирот“ – украинскиот амбасадор во Австралија и Нов Зеланд, Васил Мирошниченко, повика на интервенција откако неколку такви знамиња биле видени во толпата минатата недела.

„Меѓу српските знамиња има и руско знаме, Путин, симболот Z, таканареченото знаме на Доњецката Народна Република“, напиша амбасадорот на Твитер, приложувајќи линк до видеото. „Навистина е срамно“, додаде дипломатот, мислејќи на Австралиската тениска федерација и организаторите на Австралија Опен.

Слични објави

Кеба проговори за свадбата на синот и бремената девојка: Кога се слави, нека се слави!

Еспресо

Теодора Џехверовиќ го објави списокот на сите естетски корекции

E.A.

„Ослабев 6 килограми, ама не како Сека Алексиќ“: Дара Бубамара во провокативно издание упати остри стрели кон колешката

E.A.

По смртта на Оливер Драгојевиќ, семејниот бизнис пропадна: Станот во Сплит е поделен, ова е вистината за наследството

Еспресо

„Харис Џиновиќ имаше афера со келнерка“: Водител изнесе скандалозни тврдења за бракот на пејачот и Мелина

Еспресо

Крајот на годината носи пресврт — овие три хороскопски знаци ги очекуваат најголеми промени до крајот на 2026 година

К.С
Се вчитува....