6.8 C
Скопје
20:45 - 11 март, 2026

Бритни Спирс открива: „СЕКС ВО БРЕМЕНОСТ? Фантастично!”

Неколку дена по објавувањето на веста за бременоста, лавината на социјалните мрежи потсети на критиките кои ги доби Бритни кога за прв пат стана мајка и притисокот кој го имаше како ѕвезда да ја сочува кариерата. Но, денес поп-ѕвездата гледа само напред и подготвена е да се препушти на мала релаксација: „Книги, филмови, релаксирани разговори“. И не само тоа…

Во долга објава објавена на Инстаграм, Бритни Спирс се разголува, а нејзината пријатлка Парис Хилтон ѝ вели – „Ја сакам твојата искреност“.  Всушност, Парис не е во право. Зашто токму искреноста на Бритни секогаш предизвикува лавина реакции и коментари.

„Никогаш не сум била опседната со шминка, но морам да кажам дека нешто се менува“, искрена е Бритни. „Повеќе ги немам луѓето кои постојано се грижат за мојата коса и шминка“. Денес, додека е бремена, мислите на Британката се различни: „Се плашам да не направам грешки. Се прашувам дали ќе бидам доволно грижлива, доволно инстинктивна“.

Од популарноста на млада возраст („мојот прв албум излезе на 16 години“) до притисокот („Имав 17 автомобили пред врата, дома“), па до она – „Медиумите беа навистина груби со мене, се разбудив утрово и мислев дека можам да направам подкаст за време на оваа бременост“, за на крајот да зборува за „мешавина на емоции и хормони“. и дека не сака да биде лута трудница која јаде крофни секое утро…

Пејачката, накратко, сега сака да ужива во бременоста, да се радува на ситниците што ѝ недостасуваат во последните 14 години:

„Време е за читање книги, гледање  филмови, разговори и за најдобриот секс досега“, признава таа. Да, затоа што „сексот во бременоста е фантастичен“. Затоа, идниот сопруг Сем Асгари е навреме предупреден: со бебе на пат и свадбен датум заокружен на календарот, Бритни е понасмеана од кога било. Слободна и среќна.

Слични објави

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо
Се вчитува....