18.8 C
Скопје
15:59 - 11 март, 2026

БРИТНИ ПОД ИСТРАГА: Kуќната помошничка ја обвини дека ја УДРИЛА!

Бритни Спирс моментално е под истрага бидејќи член на нејзиниот домашен персонал ја обвини дека ја удрила.

Имено, работничката ја поднела тужбата во понеделникот, веднаш по наводниот конфликт во домот на пејачката. Шерифот за областа Вентура рече дека ќе ги испрати своите заклучоци до обвинителите по истрагата, со цел да ги разгледаат обвинувањата за можно кривично дело, кое во Калифорнија вклучува секој намерен и нелегален физички контакт со некое лице.

Странските медиуми пишуваат дека Бритни го грабнала телефонот од рацете на нејзината работничка, а нејзиниот адвокат Метју Розенгарт тврди дека целото обвинување било претерано, па тој го побил. Во својата изјава, Розенгарт рече дека не дошло до удари или повреди.

„Секој може да поднесе тужба, но овој случај требаше веднаш да се затвори“, додаде Розенгарт, кој со Бритни започнал да работи минатиот месец во обид да стави крај на старателството над животот на пејачката од нејзиниот татко Џејми Спирс.

Да потсетиме, таткото на поп -sвездата, Џејми Спирс, неодамна се откажа од старателството над својата ќерка, откако тој 13 години имаше контрола врз нејзиниот живот.

 

Слични објави

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin
Се вчитува....