15:09 - 6 април, 2026

Британската актерка Андреа Рајсборо немаа да биде дисквалификувана во номинацијата за Оскар

Британската актерка Андреа Рајсборо сепак нема да остане без номинација – Академијата за филмска уметност и наука нема да ја елиминира во номинацијата за Оскар и покрај кампањата за нејзиниот филм „За Лесли“.

Оваа актерка доби номинација за најдобра актерка откако за неа лобираа бројни актери и актерки од холивудската А-листа, при што некои организираа и приватни проекции на филмот.

Оскаровската академија испита дали со ваквата кампања биле прекршени нејзините правила и заклучи дека „тоа не било издигнато на такво ниво за Рајсборо да биде дисквалификувана“ и дека актерката не направила ништо погрешно.

„За Лесли“ е нискобуџетна драма која кога излезе, заработи само 27.000 долари во кината. Рајсборо глуми мајка алкохоличарка која мора да преживува откако потроши голема добивка од лотарија.

Слични објави

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

(Видео) „Да полудам“, нов хит на „Браво бенд“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.

Мелани Тарчуловска: Татко ми го тераше дечко ми да ја чисти валканата гаража без ракавици

msp-admin
Се вчитува....