03:16 - 3 април, 2026

Британците реагираа на новите напади врз Кејт Мидлтон: „Колку повеќе Меган ја напаѓа Кејт, толку нејзината популарност сè повеќе расте“

Колумнистката тврди дека принцезата од Велс достоинствено поминува низ критиките, а нејзината популарност само расте.

Колку повеќе Омил Скоби, кој е опишан како официјален гласноговорник на Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, ја напаѓа принцезата од Велс, толку повеќе Британците се собираат околу идната кралица. За ова во својата колумна за Дејли Мејл пишува новинарката Аманда Плател, поранешна прес-секретарка на екс-лидерот на британската Конзервативна партија.

Зборувајќи за новата книга на Скоби, „Крајната игра: Внатре во кралското семејство и борбата за опстанок на монархијата“, која го допре и пршањето за расизмот, за кој војводите од Сасекс ги обвинија високите членови на кралското семејство, а Скоби дури ги именуваше кралот Чарлс и Кејт Мидлтон како најинволвирани луѓе кои биле инволвирани во „заговорот“ против Хари и Меган, Аманда Плател застанува во одбрана на Мидлтон.

„Ваквите обвинувања се заканија да ја разнишаат довербата на многу луѓе во самата монархија“, вели Плател.

„Сега, благодарение на смешниот гласноговорник на Меган Маркл, писателот Омид Скоби, кој соработуваше со неа и на неговата прва книга „Наоѓајќи ја слободата“, знаеме дека Меган исто така напиша „приватно“ писмо до кралот, во кое ја истакна нејзината загриженост за наводниот расизам во кралското семејство. Во холандскиот превод на „Крајот на играта“ на Скоби, и кралот и Кејт се нарекуваат „кралски расисти.“ Скоби тврди дека никогаш не ги именувал, но холандскиот преведувач Саскија Питерс тврди дека имињата биле во оригиналниот ракопис на кој работела.

„Сега ни останува мистерија. Од каде Скоби ги знаел имињата на „кралските расисти“ кои биле во „приватното“ писмо на Меган до Чарлс? Извори блиски до војвотката тврдат дека ниту таа, ниту некој од нејзината придружба не го пренеле писмото до Скоби, па можеме само да замислиме како успеал да го добие“, пишува таа.

Сепак, сите обиди да се оцрни Кејт не успеале. Авторката забележува дека популарноста на Меган во Америка опаѓа, и покрај нејзините сè поочајни обиди повторно да фрли „бомба“ кон кралското семејство. Минатиот месец, анкетата на Њусвик покажа дека нејзиниот рејтинг паднал на +10, додека рејтингот на Кејт над неа се искачил на +34.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....