12.8 C
Скопје
10:58 - 11 март, 2026

Брет Пит одговори на обвиненијата на Анџелина Џоли: „Таа постојано додава факти кога не го добива она што го сака“

Бред Пит беше обвинет од Анџелина Џоли дека ја малтретирал неа и децата додека патувале со авион во 2016 година.

Адвокатката на актерот, Ен Кили, изјави дека Пит бил на удар на секакви лични напади и лажно претставување, но дека нема да прифати ништо што не направил.

Во изјавата споделена со американските медиуми, Кили рече: „Бред призна сè за што беше одговорен од првиот ден – за разлика од другата страна – но нема да признае ништо што не направил“.

„За среќа, различните јавни органи кои другата страна се обидуваше да ги искористи против него во изминатите шест години донесоа свои независни одлуки. Бред ќе продолжи да одговара на суд како што тоа доследно го правеше“, додаде таа.

Адвокатката вели дека Џоли продолжува да го повторува, ревидира и повторно да го замислува својот опис на настаните што се случиле пред 6 години, додавајќи целосно невистинит информации секој пат кога не успева да го добие она што го сака. Таа додава дека нејзината приказна постојано се развива.

Да потсетиме, Анџелина го обвини Бред дека давел едно од децата, а на другото му удрил шамар, а нејзе ја турнал во ѕидот и и нанел физички повреди. Потоа истурал вино и пиво врз неа и децата.

Веднаш потоа Џоли поднела барање за разделба, а нивната бракоразводна парница трае со години. Нисто толку се одолговлекува и одлуката за старателството над децата, за кои и двајцата се борат.

Слични објави

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо
Се вчитува....