17.8 C
Скопје
15:12 - 26 март, 2026

Бред Пит против Луис Хамилтон во Силверстоун – „тоа ќе биде неверојатен и надреален момент“

Холивудскиот актер Бред Пит ќе се трка со Формула 1 асот Луис Хамилтон во првиот параден круг на Британското ГП во Силверстоун како дел од снимањето на најновиот блокбастер.

Пит глуми пензиониран Ф1 ветеран, кој се согласува да биде ментор на млад возач, во филм чиј извршен продуцент е Хамилтон и неговата нова продукциска куќа „Даун Аполо Филмс“, пренесува „Сан“.

Гледањето на Бред Пит на Британското ГП ќе биде неверојатен и надреален момент за ТВ гледачите и обожавателите во Силверстоун овој јули“, рече еден од членовите на екипата.

Како што наведе, продуцентите сакаат да се погрижат кадрите да бидат што е можно пореални во сè уште ненасловениот филм.

Бред Пит ја гледаше трката за Големата награда на САД во Формула 1 минатиот октомври заедно со продуцентот Џери Брукхајмер, режисерот Џо Косински и сценаристот Ерен Кругер за да разговараат за проектот со Формула 1 тимовите и официјалните лица.

Како што е најавено, филмот ќе се емитува следната година, пренесува „Танјуг“.

Слични објави

(Фото) Ова е мајката на Тарик Филиповиќ: Актерот објави нејзина фотографија со посебен повод

Еспресо

„Се разбудив во локва крв“: Болна исповед на Сузана Манчиќ – изгубила три бебиња и водела борба за потомство

Еспресо

Неутешен по големата загуба: Срцепарателна приказна од Спасен Силјановски за татко му

Еспресо

(Фото) Ќерката на Харис Џиновиќ во љубовен занес: Ѓина ужива во Барселона со мистериозен маж

Еспресо

(Видео) „Не сум парче месо“: Стојне Николова се отвори за тоа како мажите ја гледаат

Еспресо

Сопругата на Саша Поповиќ за внуката Марта: „Сè ме потсетува на Сале, секој ден си го спомнуваме“

Еспресо
Се вчитува....