6.8 C
Скопје
19:18 - 19 февруари, 2026

Бред Пит повторно ги збуни фановите: „Гвинет ме научи да го мијам лицето два пати на ден“

Холивудската ѕвезда Бред Пит продолжува да открива нови аспекти на својот талент. Откако дебитираше како скулптор на изложба во Финска, денеска го претстави својот козметички бренд Le Domaine, кој ќе биде специјализиран за родово неутрална козметика за нега на кожа.

Актерот за Вог го објасни новиот неговиот потфат, вели дека делумно бил инспириран од Гвинет Палтроу, која со голем успех го лансираше брендот за животен стил Goop.

– Го сакам она што го направи Гвинет. Таа сè уште ми е многу добра пријателка и ја изгради оваа империја. Таа отсекогаш го имала овој талент и ова беше одличен креативен излез за неа. Всушност, кога подобро ќе размислам, таа веројатно беше првата која ме научи да го мијам лицето два пати на ден, вели Пит.

Бред понатаму забележува дека, за разлика од Гвинет, тој донел свесна одлука да не биде тој самиот „лице“ на брендот, објаснувајќи дека неговата рутина за убавина е исклучително едноставна и дека нема некои  посебни процедури за нега.

– Го мијам лицето, ставам серум и дневна крема, тоа е тоа. Навечер повторно го мијам лицето, нанесувам серум и ноќна крема – готово – рече Бред.

На прашањето кого го смета за најзгоден маж, Пит го посочи Џорџ Клуни.

новиот бренд на Бред Пит

Пит во едно интервју зборуваше и за својот став кон староста, истакнувајќи дека слоганот „против стареење“ звучи смешно.

– Не сакам да бегам од староста. Тоа е нешто што не може да се избегне. Oна што е реално е грижата за вашата кожа од здравствена гледна точка. Јас пораснав со селски менталитет, како што знаете: сапун еднаш дневно – и тоа e бесплатна нега. И мислам дека ако се сакаме себеси, ако се однесуваме малку подобро кон себе, тогаш ќе имаме долгорочни придобивки. Значи само старејте здраво, старејте на здрав начин, вели глумецот.

Слични објави

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо
Се вчитува....