07:25 - 10 ноември, 2026

(Видео) Бред Пит исмејан поради „украсувањето“ во чест на неговата млада партнерка: „Криза на средновечен маж“

Холивудскиот актер Бред Пит беше исмеан затоа што носеше накит во чест на неговата сакана Инес де Рамон. Коментарите се појавија на порталот Дејли меил.

Папараците го фотографирале Бред Пит во друштво со Инес де Рамон во Њујорк. Новинарите забележаа дека актерот носи златен синџир со приврзок во форма на првата буква од името на неговата љубовница – „И“.

Корисниците на Интернет се потсмеваат на ваквото украсување на холивудската ѕвезда.

„Мислев дека само 12-годишни девојчиња носат ѓердани со нечии иницијали на нив“, „И приврзокот со иницијали и неговата облека докажуваат дека тој поминува низ средовечна криза“, „Следниот чекор е тетоважа“, напишаа тие во коментари.

Минатата недела Бред Пит и Инес де Рамон присуствуваа на премиерата на филмот „Осамени волци“, која се одржа во рамките на Венецискиот филмски фестивал. На настанот, љубовницата на актерот се појави во бел тесен макси фустан, а модниот изглед го дополни со масивни обетки и златна чантичка. По ова, интернет корисниците ја обвинија Инес де Рамон дека го копира стилот на поранешната сопруга на Пит, Џенифер Анистон.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....