7.8 C
Скопје
21:39 - 30 март, 2026

(Фото) Брат му на Пеце од „Суперхикс“ почина еден ден пред Тоше, музичарот сподели вреден спомен

Пеце од „Суперхикс“ сподели вреден спомен од брат му Димитар, кој починал еден ден пред Тоше Проески, на 15 октомври.

– Во чест на Пикасо – академски сликар Димитар Младеновски 18….. Вечен помен – напиша Петар Младеновски за својот брат, кој беше успешен уметник.
Минатата година, Пеце ова го сподели за својот брат, кој починал од канцер, а неговото семејство организираше изложба си негови дела.
– Денес (15.10) се навршуваат 17 години од смртта на мојот брат Димитар Младеновски. Ден подоцна се случува и трагедијата во која загинува Тоше Проески.
Ова е еден од ретките видеодокументи, кој некако случајно го ископав по цели 20 години, и еве го на Јутјуб – едно од ретките заеднички наши гостувања со него.
Убави времиња, убави луѓе, убави спомени… Вечна слава и за брат ми и за Тоше! – напиша во 2024 година Пеце. Неговиот брат почина во 2007 година.

Петар Младеновски во 2022 сними песна која ја посвети својот покоен брат, ликовниот уметник Димитар Младеновски и за сите они кои повеќе не се помеѓу нас. Во „Сите кои ги нема“ која е моќна и емотивна балада, тој соработува со квартетот „Вива стрингс“.

 

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....