-1.2 C
Скопје
04:21 - 19 јануари, 2025

Божиќ во домот на семејство Богојески: Без бадниково лепче нема Бадник, а без чоколадна торта нема Божиќ

Во семејството Богојески верата во Бога има важна улога. Така ги воспитуваат и децата, дека верата и религијата се залудни ако вредностите не се практикуваат секојдневно и ако нивното лично поведение не е во тие рамки. „Напразно е да си номинален христијанин, ако не живееш христијански живот“, смета политичарот Петар Богојески.

Божиќните празници имаат посебно значење во домот на Катерина и Петар Богојески, и како верски празници и како традиционално семејно чествување, поврзано со родендените на двете деца, Софија и Кирил.

„Цел јануари за нас е исполнет со радости и прослави. Со оглед на нашето потекло, на нас во два наврати ни се паѓа паричката. Еднаш во бадниковото лепче, на посна трпеза, а вторпат во василичарски мазник на мрсна трпеза. Секој Божиќ се држиме до „Кај и да си, за Божиќ дома да си!“, па така почнуваме со утринска литургија во некој од храмовите на МПЦ ОА, а централно место има семејниот ручек и споделување подароци. Има и за домашните миленичиња, за куќата и за Господ“, нè воведува во разговорот политичарот Петар Богојески.

Какви се Вашите рани сеќавања на Божиќ, како изгледал празникот кај Вас кога сте биле мал, или во тинејџерските денови?

– Речиси и да нема разлика, бидејќи и јас и сопругата потекнуваме од традиционални семејства и сето она што сме го научиле таму, денес е дел од нашето семејство. Целокупната семејна традиција за нас е начин на живот, не само на празнување. Единствено нешто што премногу ни недостасува се нашите баби и дедовци со кои пораснавме и од кои наследивме сè што денес за нас претставуваат божикните празници.

Подготвувањето на божиќниот ручек за семејството често бара поголем ангажман, но и задоволство. Колку сте вешт во кујна, помагате ли во кулинарските домашни празнични активности? Без кое јадење не можете да го прославите Божиќ?

– Во кујната, власта во целост ја држи сопругата. Јас можам да помогнам со достава на намирници и евентуално поставување на трпезата. Сопругата и мајка ми подготвуваат највкусна храна. Во една можност, на социјални мрежи ја испофалив сопругата за домашниот леб. Тоа за мене е нов квалитет во животот. Без бадниково лепче, нема Бадник, а без традиционална божиќна чоколадна торта, нема Божиќ.

Каква традиција споделувате со Вашите деца, на какви вредности ги потсетувате во овие празнични денови?

– Се трудиме сè она што сме го наследиле од нашите родители и од нивните родители, да го пренесеме на нашите деца. Во нашето семејство, верата во Бога има важна улога. Кај нас тоа не е помодарство или традиција, туку вистински се верува. Се живее во склад со Божјите заповеди. На децата им читавме детска Библија од најмала возраст, а денес Светото писмо е секогаш во нивни раце. Ги научивме да почитуваат религија и традиција и да знаат зошто чествуваме вакви празници. Едвај чекаме да се смири безбедносната состојба на Блиски Исток, за да заминеме целото семејство на аџилак на Светиот гроб во Ерусалим. Најважно, ги учиме дека верата и религијата се залудни ако вредностите не се практикуваат секојдневно и ако нивното лично поведение не е во тие рамки. Напразно е да си номинален христијанин ако не живееш христијански живот.

Доколку направите рекапитулација на изминатата 2023 година, што би издвоиле како најдобро, што како најнепријатно, а што како најсмешно случување?

– Најдобро за мене е посветеното спортување, кое ме врати во живот. Најнепријатни беа заканите по животот на моите деца. Најсмешни се обидите на власта да ме исплаши и замолчи.

Божиќ нè асоцира и на подароци. Што е тоа што би сакале да добиете оваа година на подарок?

– Ветувања за успешен почеток на академски студии на мојата ќерка Софија и траен избор на спортска пасија на мојот син Кирил.

Кога би биле сигурни дека една желба, која било, би Ви била остварена, што би посакале?

– Да се врати проклетата 2019 година, да спречам некои немили настани и да не донесам некои погрешни одлуки.

 

Слични објави

(Фото) Северина ужива на Малдивите во фустан од 2800 евра

Еспресо

Поранешниот дечко на Цеца стана татко: „Нема поголема среќа од тоа што добив син!“

Еспресо

(Видео) За 12 дена одмор „искешира“ 20.000 евра! Милица Павловиќ сама замина на егзотична дестинација

Еспресо

Сандра инсистира: Поранешната сопруга на Милан Калиниќ го поканила на ручек, а дали тој прифатил?

Еспресо

(Фото) Совршено утро во кревет на Тајланд, снаата на Брена откри дека Виктор ја третира како кралица: „Љубовта на мојот живот“

Еспресо

Хороскоп за 18 јануари: Јарците не знаат кај им е главата, Рибите ќе ја променат работата, а вие?

apostolova
Се вчитува....