-4.2 C
Скопје
03:49 - 16 декември, 2025

„Бори се за животот на своето дете“: Силви Плевнеш се расплака во ТВ емисија

Силана Мучиќ-Плевнеш заплака во гостувањето на ТВ Канал 5, откако ја слушна потресната исповед на Ивана Лескароски од Охрид.

Ивана водеше битка против рак на тироидната жлезда, а кај нејзиниот син Роман, на деветгодишна возраст беа утврдени пет различни дијагнози со кои тој секојдневно се бори. Тој пред шест месеци имал операција на двете стапала, и сега како што кажа Ивана, тие одат ден по ден, чекор по чекор. Но, тоа не е единтвената мака на оваа храбра жена која гостувајќи во Утринската емисијата „Здраво Македонијо“ раскажа:

– Нашиот сон беше да станеме родители и за кратко време тоа се оствари, но среќата траеше многу кратко. По раѓањето на нашиот прв син Паоло, за само неколку дена тој почина од респираторен дистрес.

По раѓањето на Аритон кога мислевме дека сѐ ќе биде како што треба, по неколку месеци го губиме и него. Роман се роди на крајот од шести месец и беше 35 дена на интензивна нега. Во истиот период кога се раѓа Роман, мојот сопруг се справува со две тешки операции. Јас во тој период функционирам како робот, но како круна на таа победа е тоа што успеав во ист ден од болница да ги земам и Дејан и Роман“, рече Ивана Лескароски.

Силвана Плевнеш од дуото „Силви бенд’“, која гостуваше во емисијата заедно со својот сопруг Влатко гледајќи ја Ивана заплака и ѝ рече:

– Оваа сила која ја слушам од вас… Можеш дете да ми бидеш комотно, дозволи да не те персирам. Господ стои до тебе. Ова што ти го можеш ретко кој го може. Затоа што Господ обично не ни дава нешто што не можеме да издржиме, ама ги бира луѓето што се храбри и што тоа го можат.

Јас ти посакувам уште многу сила, бидејќи ја имаш, ама ќе ти треба – рече Силви, а Влатко Плевнеш ја дополни: „Има за што да живее“.

Ивана дополни дека секое утро, таа станува од спиење полна со живот и со љубов.

– Ти се восхитувам и ова е начин на којшто треба да се справува со проблемите и со она што животот ни го носи, бидејќи не знаеме што ќе е тоа. И секогаш кога ќе се слушнат вакви приказни си велите: „Боже, за какви апсурдни работи се нервираме, што ни е многу страшно во животот.“

Се борите за вашиот живот и животот на вашето дете, едно младо битие. Само напред – рече Силвана Мучиќ-Плевнеш.

Фото / Фејсбук

 

Слични објави

Популарната бугарска ТВ водителка Мира Добрева откри: „Крадецот што ме ограби 5 пати трагично го загуби животот“

E.A.

Кија ѝ одговори на Катарина Живковиќ: Се појави преписка меѓу Коцкар со тајниот маж, пораките открија сè

E.A.

Поранешната снаа на Кеба ги напушти „Ѕвезди на Гранд“: Ова се првите реакции по елиминацијата

E.A.

(Фото) Најубавата српска актерка побегна од Белград во родното село: Одгледува добиток, сади органска храна, роди три деца

Еспресо

Карлеуша по 17 години прави преседан! Донесе одлука во врска со Атина и Ника, ова многумина чекаа да го видат!

Еспресо

(Фото+видео) Бајка во станот вреден половина милион евра: Катарина Грујиќ го слави роденденот на својата ќерка

Еспресо
Се вчитува....