12:22 - 16 ноември, 2026

Откриена причината за смртта на основачот на легендарната група „Кис“

Oткриена e причината за смртта на Ејс Фрејли, основачот на бендот „Кис“, гитаристот кој почина на 16 октомври на 74-годишна возраст. Поранешниот гитарист на „Кис“ починал од повреди на главата добиени од тап предмет при пад, потврди мртовечницата на округот Морис, пренесува „Пипл“. Начинот на смртта официјално е прогласен за несреќа.

Семејството на Фрејли ја објави неговата смрт на 16 октомври во соопштение во кое се вели дека се „целосно скршени“.

Семејството во соопштението наведува дека музичарот, роден како Пол Фрејли, починал во Мористаун, Њу Џерси, по неодамнешен пад во својот дом. „ТМЗ“ претходно објави дека тој бил на апарати за одржување во живот поради крварење во мозокот предизвикано од пад неколку недели претходно.

„Целосно сме скршени. Во неговите последни моменти, имавме среќа да го опкружиме со љубов, топли зборови, молитви и мир додека го напушташе овој свет“, се вели во соопштението.

Тие продолжија: „Ги негуваме спомените на сите негови најдобри моменти, неговата смеа и ја славиме неговата сила и љубезност што ја делеше со другите. Сеќавајќи се на сите негови извонредни животни достигнувања, сеќавањето на Ејс ќе живее засекогаш!“

Фрејли, беше ко-основач на „Кис“ во 1973 година и го напушти бендот во 1982 година. По заминувањето, тој го формираше својот бенд, „Frehley’s Comet“, кој издаде два албума, и започна успешна соло кариера во 1978 година со истоимен албум кој стана платински.

Слични објави

Марија Шерифовиќ го прослави 42. роденденот и ја напушти Србија: Со Јована Пајиќ донела одлука, ги промениле сите планови

К. А.

(Видео) „Викенд на мртовци“ бил поголем кинохит во Скопје од „Кум“ и од филмовите со Лепа Брена: Игор Џамбазов сподели анегдоти од снимањето на култната македонска комедија

Еспресо

Ручек што можете да го подготвите однапред — рецепт за кремасти макарони со чедар и пармезан

К.С.

Запален автомобилот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Пожарот зафатил и друго возило, полицијата пред нивниот дом

Еспресо

(Фото) Вистинска дама — Ирена Спировска блесна во маслинесто-златна тоалета со кристали на „Фолк фест Роса“

К.С.

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо
Се вчитува....