14:24 - 3 април, 2026

Бојана Скендеровски: Милан Завков се зачуди кога му реков дека сакам да ја пеам „Заветна“ во времето кога пораката не ѝ беше разбрана

Пејачката Бојана Скендеровски вели дека песната „Заветна“ од Пепи Бафтировски ѝ е во срцето од многу одамна. За првпат ја запеала уште во 2011 година, кога меѓу народот не била популарна како што е денес.

Бојана е дел од творците на проектот „Македонијо, во срце те носиме“, каде што таа заедно со уште неколку нејзини колеги, испејаа патриотски песни во нови аранжмани, кои ги направи Никола Мицевски. Бојана се присети и на споменот на маестро Милан Завков, кој ја придружувал на хармоника додека ја пеела „Заветна“.

-За првапат јаа пеев песната во емисијата „Зајди зајди“, но тогаш не ја водеше Зуица Лазова туку Елена Георгиева, а на хармоника ме придружуваше сега за жал покојниот Милан Завков. Кога слушна која песна ќе ја пеам, маестро Завков се зачуди и ми рече: „Како ти текна да ја пееш токму оваа песна?“ Му беше мило што ја избрав токму „Заветна“ која  во 2011 година не беше многу популарна. Беше претходно, кога ја сними Пепи Бафтировски, па еден период луѓето како да ја подзаборавија, сега е популарна повторно. А јас го обожавав Пепи и оваа песна. Паметам дека на Завков му се допадна изборот и тогаш ми рече: „Јас ја свирев во студиото на МРТВ со Пепи“, а јас му одговорив дека го обожавам Бафтировски“, ни рече Бојана на промоцијата на овој проект.

-Ја сакам „Заветна“ и ја чувствувам кога ја пеам, и има една приказна којашто е вистинска за Македонија. Јас ја викам наша втора химна. Во 2011 година, живеевме поинаку и не ја сфаќавме пораката на оваа песна во тоа време. А, сега кога во ова ново време кога чусвтвуваме дека постојано сме омаловажувани, „Заветна“ ја крие целата вистина. Јас требаше да пеам друга песна, забвна, родољубива, но кога Николче Мицевски слушна како ја пеам „Заветна“ ми рече: „Ја чувствуваш, ова е твоја песна“, ни изјави Бојана на промоцијата.

Станува збор за проект во кој на едно место се ставени 12 македонски патриотски песни во изведба на 12 македонски изведувачи, и од светот на забавната и народната музика.

Меѓу учесниците се: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, ДНК, Огнен Здравковски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска, Зуица Лазова, а на списокот песни се „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“.

На прес конференцијата беа присутни Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Огнен Здравковски и Марија Спасовска, како и авторот на новите аранжмани Никола Мицевски.

 

 

 

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....