2.8 C
Скопје
20:04 - 24 декември, 2024

Богољуб Кариќ со низа пофалби за Јелена Карлеуша: „Мадона немаше да ѝ биде рамна ако живееше во САД“

Бизнисменот и политичар Богољуб Кариќ зборуваше за регионалната музичка ѕвезда Јелена Карлеуша, која своевремено беше во брак со неговиот братучед Бојан Кариќ.

За бракот на Јелена Карлеуша и Бојан Кариќ сè уште често се зборува и пишува, а за него неодамна првпат отворено проговори музичката дива.

Тогаш Ј.К., меѓу другото, го обвини чичкото на Бојан, Богољуб, за колапс на љубовта, посочувајќи дека таа била жртва на местенка.

По тој повод алфата и омега од династијата Кариќ откри што мисли за регионалната ѕвезда, упатувајќи ѝ низа комплименти.

– Јелена е необична жена. Ако се омажиш за Јелена Карлеуша, не можеш да очекуваш таква жена да готви дома грав. Треба да живееш и да се помириш со тоа – зборува за српски „Информер“ во негов стил Богољуб.

– Јелена е талентирана личност која има дар од Бога. Таа е извонредно способна жена. Да не беше во Србија, да беше во Лондон или во Соединетите Американски Држави со тоа што го прави, Мадона немаше да ѝ биде рамна. Таа е мајстор од висока класа во својата работа. Но, ние сме во Србија, тешко е Џојиќ да биде Пеле во Србија, Богољуб Кариќ да биде Илон Маск или, на крајот на краиштата, Јелена Карлеуша да биде Мадона. Тоа се тие околности каде сме родени и каде живееме – вели Кариќ, а потоа открива што особено цени кај Јелена.

Ми се допаѓа патриотизмот на Јелена, нејзината борба и тоа што е своја личност. Најмногу ги почитувам оние луѓе кои поминуваат низ подеми и падови, а преживуваат и остануваат на врвот – заврши Богољуб Кариќ.

Да потсетиме, Јелена Карлеуша во декември 2023 година во подкаст зборуваше за врската со Бојан Кариќ и неговото семејство.

– Богољуб Кариќ беше против мојата врска со Бојан. Дури и ме забрани на БК ТВ иако бев нивна ексклузива. Ми кажа дека е против нашата љубов. Тој фалсификуваше истражување во кое јас сум најомразената личност во Србија после Медлин Олбрајт. Тој, се разбира, беше најсаканиот. Ми објасни дека имам негативно влијание врз семејството Кариќ. Од друга страна, родителите на Бојан, Сретен и Славица, ме обожаваа. Редовно ме викаше на тие семејни ручеци каде што бевме 50 души. Човекот седеше на чело, сите молчеа и јадеа супа, а Богољуб ми се обраќаше само мене. Бев длабоко депресивна. Судбината подоцна ќе ги спои Сретен и мајка ми во Германија. Тие се лекуваа од истата болест и ги загубија животите – изјави тогаш Карлеуша.

Слични објави

Вељко Ражнатовиќ врие од бес, итно му треба помош: „Пријави ја будалата“

Еспресо

(Фото) „Среќен Божиќ на онколошките пациенти“: Ведрана Рудан честиташе, а покажа и кој ѝ прави друштво

Еспресо

(Фото) Брена му седна во скутот на Боба, тој ја држи со раце и не ја пушта: „Бакни ме“

Еспресо

(Видео) Северина на Бадник сподели видео со мајка си: „Таа е најдобра и најубава“

Еспресо

На Алек Болдвин нема да му се суди за убиството на сетот за филмот: Случајот е официјално затворен!

Еспресо

(Фото+видео) Вака изгледала Слобода Миќаловиќ како девојче: Името ѝ го дал татко ѝ, а зад сè се крие трогателна приказна

Еспресо
Се вчитува....