14-годишната инфлуенсерка и раперка Лил Теј се најде на насловните страници откако беше лажно објавена нејзината смрт.

Лил Теј овие денови се појави во бројни медиуми ширум светот откако нејзината смрт беше лажно објавена на нејзиниот хакиран Инстаграм профил.
14-годишната раперка и инфлуенсерка на социјалните мрежи создаде релативен успех преку нејзината 5-годишна кариера на интернет. Нејзиното нето богатство моментално се проценува на над 500.000 долари.
Лил Теј има над 3,5 милиони следбеници на Инстаграм, а нејзиниот сега напуштен канал на Јутјуб собра над 200 илјади следбеници.
Family confirms Lil Tay is alive in a statement provided to TMZ. https://t.co/yxclxGfLDU
— TMZ (@TMZ) August 11, 2023
Девојчето раперка објави изјава за медиумите само 24 часа откако беше објавена порака на нејзиниот инстаграм профил во која тврди дека е постирана од членови на нејзиното семејство, кое ја објави нејзината ненадејната смрт заедно со нејзиниот постар брат.
Лил Теј, чие вистинско име се испостави дека не е Клер Хоуп, објави изјава преку ТМЗ во која ги расчисти работите за целиот скандал.
„Мојот профил на Инстаграм беше хакиран од трето лице и се користеше за ширење на застрашувачки дезинформации и гласини во врска со мене, до тој степен што дури и моето име беше погрешно. Моето законско име е Теј Тијан, а не „Клер Хоуп“.
Теј објасни понатаму велејќи: „Сакам да разјаснам дека јас и брат ми сме безбедни и живи, но јас сум со целосно скршено срце и се борам да ги најдам вистинските зборови за да го опишам тоа. Беа многу трауматизирачни овие 24 часа. Цел ден вчера бев бомбардирана со бескрајни потресни пораки, солзи и телефонски повици од најблиските додека се обидував да го средам овој хаос“.
Сепак, што се однесува до заработувачката и славата на девојчето, се проценува дека наеднаш значително ќе скокнат со оглед на тоа што страшниот скандал се прошири низ светот а нејзиното име и случај завршија во медиумите.
View this post on Instagram
Лил Теј почнала да објавува видеа на интернет во 2017 година кога имала само 9 години.
Таа почна да се прославува затоа што изгледаше како да ужива во раскошниот животен стил исполнет со луксузни возила, дизајнерска облека и мафтајќи со купишта готовина во нејзините видеа. Таа беше позната и како конфликтна личност која честопати се впушташе во интернет расправии со други корисници на социјалните мрежи.
Во 2018 година Лил престана да објавува на Јутјуб, а нејзиниот профил на Инстаграм беше избришан кога нејзините родители беа вклучени во грозен развод кој вклучуваше и битка за старателство за неа и нејзиниот брат Џејсон.
Семејството на Теј се преселило во Лос Анџелес кога таа почнала да се здобива со слава. Претходно таа живеела во Ванкувер, Канада.
Нејзината мајка е поранешен агент за недвижнини, а нејзиниот татко е адвокат.