7.8 C
Скопје
00:34 - 31 март, 2026

Битолскиот бенд сними втор сингл на хрватски јазик: Загледајте се во „Месечината“ со КОД 369

„Мјесечина“ е вториот сингл на македонскиот бенд CODE 369, издаден на хрватски јазик за Croatia Records. Видеото во продукција на Encore Media Production и Дејан Трајчевски јасно ја пренесува мистичната атмосфера на месечева ноќ. Овој пат, фронтменката на групата Ирена Димовска го испеа „искрениот порив на секое човечко суштество да ги надмине личните и општествените очекувања со инспирација и трудољубивост“.

Со уникатен израз помеѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп музика, CODE 369 уште еднаш ги воодушевиja слушателите со авангардни идеи од прва категорија. Текстот за песната го напиша пејачката Ирена Димовска, музиката е на Даниел Митревски, а за аранжманот покрај Митревски се задолжени Иле Лулевски и Коста Стеваноски.

Групата CODE 369 е продолжение на долгогодишните музички активности на членовите на битолските Pumpers, а во овој проект тие во својата музика внесуваат нов музички момент на фанк, џез и класични инструментализации, кои го вткаија во препознатлива рок база.  

Нивната музичка мисла е секогаш на границата помеѓу алтернативниот рок и комерцијалната рок и поп музиката, задржувајќи ја свежината, слободата и авангардни идеи на првите категории и прифатливоста на другата.

Во нивните текстови може да се препознаат универзалните човечки и литературни вредности, љубовта како движечка сила и силата на поединецот како движечка сила кон најдоброто во себе – порачуваат од „Кроација Рекордс“.

Бендот летово настапи пред хрватската публика на фестивалот СМС 200 во Славонски Брод, каде ги воодушеви и публиката и критиката со изведбите на песните од актуелниот албум „Stages of Love“.

Еве го спотот за „Мјесечина“.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....