3.8 C
Скопје
03:00 - 4 февруари, 2026

„Бидете опкружени со љубов“: Милица Тодоровиќ се огласи пред породувањето

Пејачката Милица Тодоровиќ, која е во поодмината бременост, последните месеци се повлече од јавноста за да ужива во овој посебен период опкружена со семејството и најблиските пријатели. По подолга пауза, таа повторно се огласи на својот Инстаграм-профил по повод празниците.

Милица им го честиташе католичкиот Божиќ на своите следбеници, споделувајќи емотивна порака.

„Среќен Божиќ! На сите мои пријатели и фанови им посакувам празничните денови да ги поминете во здравје, среќа и благосостојба, опкружени со мир и љубов.

Ваша, Милица Тодоровиќ.“

Да потсетиме, во изминатиот период за Милица зборуваа и нејзините соседи, кои открија дека со радост ја дочекале веста за нејзината бременост.

„Сите ја сакаме Милица и кога дознавме дека е бремена, бевме пресреќни. Претходно беше во фокусот на јавноста поради оној криминалец што, како што се пишуваше, беше уапсен во нејзиниот стан, што навистина нè изненади. Таа не потекнува од таква средина и добро е што се ослободи од тој човек. Не знам кој е новиот дечко, внучка ми вели дека доаѓа. Не живее тука, но ѝ помага околу сè. Веројатно тука ќе остане да живее. Веќе пристигнуваат разни работи – некоја дрвенарија, верувам дека се креветче и комоди за бебето. Денес бебињата имаат сè – кога јас добив деца, купувавме само креветче“, изјавил еден од соседите за српските медиуми.

Друг сосед открил дека во првите месеци ретко ја гледале: „На почетокот речиси и не ја гледавме, а и кога поминуваше, изгледаше некако сериозна. Веројатно првите месеци ѝ биле тешки, тоа се гледаше на лицето. Сега повторно е старата Милица – насмеана, енергична и постојано во движење. Мајка ѝ често е тука и постојано носат кеси со работи. Веќе брои ситно“.

Слични објави

Кој е мистериозниот татко на детето на Милица Тодоровиќ? Се породи денеска, 9 месеци не кажа ниту збор за својот партнер

Еспресо

„Знаат која сум и со што се занимавам“: Станија Добројевиќ реагираше на шокантните тврдења на Кристијан Голубовиќ

Е.А.

Еве колку чини куќата на Дедиње во сопственост на Здравко Чолиќ, врз која беше фрлена бомба!

Еспресо

„Изгубив работа поради љубовницата на директорот“: Мaja Оџаклиевска откри зошто била „избришана“

Е.А.

Цеца заработила 300.000 евра, Наташа Беквалац 100.000, а еве колку Теа Таировиќ се опарила од Јутјуб…

Еспресо

Нова фотографија од ќерката на Огнен Амиџиќ: Мина ја држи во раце, а еден момент разнежи многумина

Е.А.
Се вчитува....