00:32 - 16 ноември, 2026

Ми треба терапија по разговорот со Тамара: Тијана објави лична приказна

Тијана Дапчевиќ објави лична приказна за својата сестра Тамара Тодевска. Тијана долги години живее во Белград, а Тамара во Скопје, но двете пејачки се постојано во контакт како да живеат во ист град.

Тијана всушност споделила духовит цитат, во кој ја означила нејзината сестра: „Некогаш разговорот со сестра ти е сета терапија која ти треба, а некогаш ти треба терапија по разговорот со неа“, стои во инстаграм-приказната на Тијана.

Фото / Инстаграм

Како гостинка во емисијата „Не е лесно да се биде јас“, Тијана Дапчевиќ пред неколку месеци отворено зборуваше за борбата со вишокот килограми.

-На почетокот на кариерата бев многу послаба отколку сега. Одамна сфатив дека музиката се гледа повеќе отколку што се слуша. Моите маки никој не ги знае. Можам да напишам книга за исхрана, а не за диета. Кога ќе кажете диета, мозокот веднаш ви се блокира и мислите само на храна – изјави Тијана за „Гранд“.

Слични објави

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.

Весна Ривас ја прослави годишнината со сопругот кој ја изневерувал – се разделија, а денес повторно се заедно

Е.А.

Данијела Мартиновиќ за љубовта со Јосип: „Само го гледам и си мислам: Боже, ти благодарам!“

Еспресо

Верица Ракочевиќ искрено за бракот со 35 години помладиот Вељко: „Ќе ја почитувам неговата одлука, а ако се предомисли, ќе останеме најдобри пријатели“

Е.А.
Се вчитува....