17:27 - 22 ноември, 2026

Без паника, сè уште се заедно: Маја Шупут и Шиме Елез заминуваат на нов егзотичен одмор, откриена е и дестинацијата

По краткиот период на тишина на социјалните мрежи, кога пејачката Маја Шупут не објавуваше содржини со своето момче Шиме Елез, обожавателите почнаа да се прашуваат дали нивната врска е во криза.

Но, според нови информации, двојката е далеку од раскинување — напротив, подготвуваат уште едно заедничко патување.

Извори блиски до пејачката за „Т-портал“ откриваат дека Маја и Шиме планираат одмор на Бали. Тие ќе патуваат веднаш по новогодишната настап на Шупут во Карловац и концертот во Водице. Наместо снег и скијање, парот повторно избира тропски рај, како што тоа го направи и на почетокот на годинава, кога Шупут престојуваше во Австралија со поранешниот сопруг и нивниот син.

Со оглед на тоа што Маја секогаш споделува фотографии од своите патувања, се очекува и овојпат Инстаграм да се наполни со кадри од егзотичната дестинација.

Последен пат двојката објави заеднички фотографии од нивното патување во Дубаи, каде што уживаа во базени, луксузни вечери и модерни стајлинзи што го привлекоа вниманието на јавноста.

Недостатокот на заеднички објави од 14 ноември наваму беше доволен за дел од фановите да се запрашаат дали врската е завршена. Но, најновите информации јасно покажуваат дека романтичната приказна продолжува и дека Маја и Шиме наскоро ќе ја заменат зимата со сонцето на Бали.

Слични објави

(Фото) Ја раскопчал кошулата и ја залижал косата! Синот на Харис Џиновиќ со новиот изглед го привлече вниманието на девојките

Еспресо

Полната Месечина на 24 ноември носи големи пресврти — четири хороскопски знаци ги очекуваат судбински одлуки

К.С.

(Видео) Јована Јеремиќ повторно шокира, направи стој на раце среде студио и покажа повеќе одошто требаше

Еспресо

„Сè уште сум преплашена“: Српската пејачка била во авионот на „Ер Србија“ кој беше погоден од гром

Еспресо

Не ги чувајте компирите на ова место — грешка што многумина ја прават во зима, а поради која побрзо се расипуваат

К.С.

(Фото) На поранешната сопруга на Игор Којиќ ѝ пристигнало изненадување пред вратата, па го покажа раскошниот подарок

Еспресо
Се вчитува....