9.8 C
Скопје
19:07 - 12 март, 2026

„Бев изгубен“, Бредли Купер отворено за пеколот со дрогата, алкохолот и депресијата

За време на подкастот „Smartless“, чиј водител беше Џејсон Бејтмен, Бредли Купер зборуваше за неговата зависност од кокаин и алкохол пред да се случи успехот со филмот „Мамурлак“, филм од фундаментално значење за промена на животната насоката на холивудскиот глумец.

Актерот, ѕвезда на меѓународната кинематографија, реши да се разголи раскажувајќи го најтешкиот период од својот живот. „Беа раните 2000-ти и штотуку бев отпуштен од трилер серијата Алијас, не ме ангажираа за втората сезона…“, се сеќава холивудската ѕвезда која моментално работи на сетот на филмот што тој го режира и во кој самиот глуми,Маестро.

Купер, покрај проблемот со зависноста од алкохол и кокаин, страдал и од депресија: „Мојата самодоверба беше на нула. Кога ме одведоа на снимање на реклама за Венди, мислев дека сум ја снимил, но знаев дека не е така. Кога се преселив во Лос Анџелес поради Алијас, се чувствував како кога бев во средно училиште: не можев да влезам во ниту еден клуб, ниту една девојка не ме гледаше. Бев тотално депресивен“.

По успехот на „Мамурлак“, кариерата на актерот направи пресврт: „ Имав 36 години кога го снимив тој филм: тоа што ги поминав сите тие искуства пред да постигнам успех одигра клучна улога во моето постоење“.

Пресуден за да се извлече од темниот момент бил неговиот пријател Вил Арнет, кој станал свесен за проблемот на актерот: „Сфатив дека имам проблем со дрогата и алкохолот. Арнет ми помогна… Вил беше тој што ме стави пред реалноста, никогаш нема да заборавам… Тој ми го промени целиот живот“.

Сега, кога Бредли Купер веќе е ослободен од овие зависности, вели : „Веќе не пијам и не се дрогирам. Трезвеноста е одлична работа… Во одреден момент сфатив дека продолжувајќи по тој пат ќе си го уништам животот“.

Слични објави

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо
Се вчитува....