0.8 C
Скопје
06:06 - 27 декември, 2024

Беше светилник, а ќе биде многу горда и на кралот Чарлс – Елизабета Втора 70 години на престолот

кралица елизабета

Британската Влада денеска официјално прогласи почеток на периодот на национална жалост за кралицата Елизабета Втора, а лидерите на ЕУ и на НАТО изразија сочувство по повод нејзината смрт.

Период на жалост на британското кралско семејство ќе трае од сега до седмиот ден по погребот, соопшти Бакингемската палата.  Датумот на погребот на кралицата сè уште не е потврден.

Знамињата на кралските резиденции се на половина копје, а Во Хајд Парк во Лондон, во 14 часот по средноевропско време, топови ќе истрелаат 96 почесни плотуни за секоја година од животот на кралицата, додаде Бакингемската палата

„Малкумина имале такво влијание во светската историја“, напиша претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола на Твитер. Таа додаде дека Елизабета Втора е пример за сите и ја нарече „одлична“.

Претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел истакна дека покојната британска кралица секогаш можела да ја покаже важноста на трајните вредности во современиот свет преку нејзината посветеност на работата.

„Со длабока тага ја примив вестта за смртта на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. Таа беше шеф на државата со најдолг стаж во светот и една од најпочитуваните личности во светот. Упатувам искрено сочувство до кралското семејство и британскиот народ“, твитна претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вели дека Елизабета Втора била пример за посветеност и лидерство.

„Долгото владеење на кралицата Елизабета Втора стана дел од историјата и пример за инспиративни вредности и постапки“, напиша еврокомесарката Марија Габриел, која изрази сочувство до британското кралско семејство и граѓаните на Велика Британија.

Папата Франциск порача дека е длабоко погоден поради смртта на кралицата Елизабета Втора. Тој ѝ оддаде почит на нејзината „неуморна служба за доброто на Британија и Комонвелтот“.

Кралицата се сретна со папата Франциск во Ватикан во април 2014 година и му даде корпа со храна полна со локални деликатеси и шише виски Балморал. За време на нејзиното долго владеење, кралицата се сретна со пет папи.

Поранешниот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел ѝ оддадоа искрена почит на кралицата, опишувајќи ја како „светилник на надеж и стабилност“.

„Имавме среќа што ја запознавме и таа нѝ значеше многу. Кога ги започнувавме нашите должности како претседател и прва дама, таа нè пречека на светската сцена со раширени раце и беше исклучително дарежлива. Постојано бевме воодушевени од нејзината топлина, начинот на кој ги смируваше луѓето и како го внесуваше својот посебен хумор и шарм во моментите на голема помпа“, истакнаа Барак и Мишел Обама.

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон се заблагодари на „необичниот живот на покојната кралица“.

„За време на нејзиното извонредно 70-годишно владеење, таа ја водеше Британија низ трансформации со непрекината благодат, достоинство и искрена грижа за благосостојбата на целиот нејзин народ“, истакна Клинтон.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изрази сочувство за смртта на британската кралица Елизабета Втора, велејќи дека монархот оставил наследство на мир и просперитет за Обединетото Кралство. Според него, Елизабета Втора со своите напори „ги зајакнала сојузничките врски со САД и со другите земји во светот“.

Трамп го пофали новиот крал Чарлс Трети.

„Кралот Чарлс Трети, кого добро го запознав, ќе биде голем и прекрасен крал. Тој има голема љубов кон Обединетото Кралство и сето она што го претставува за светот. Тој ќе се покаже како инспирација за сите. „Кралицата Елизабета беше, и ќе биде многу горда на кралот Чарлс Трети“, напиша тој на социјалните мрежи.

По повод смртта на кралицата се огласи и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Со длабока тага ја примивме вестта за смртта на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. Во име на народот, изразуваме искрено сочувство до кралското семејство, целото Обединето Кралство и Комонвелтот за оваа ненадоместлива загуба. Нашите мисли и молитви се со вас“, истакна Зеленски.

Рускиот претседател Владимир Путин, во пораката со сочувство во врска со смртта на кралицата Елизабета Втора, го истакна нејзиниот авторитет на меѓународната сцена, како и љубовта и почитта на нејзините поданици.

„Најважните настани во поновата историја на Обединетото Кралство се нераскинливо поврзани со името на Нејзиното Височество. Многу децении, Елизабета Втора со право уживаше во љубовта и почитта на своите поданици, како и авторитет на светската сцена“, рече рускиот лидер во пораката до кралот Чарлс Трети.

„Елизабета Втора беше историска личност, нејзината смрт означува крај на една ера“, изјави израелскиот претседател Јицак Херцог, изразувајќи сочувство до британскиот народ за смртта на монархот.

„Владеењето на кралицата Елизабета Втора ги опфати вселенските летови пред Спутник и Експлорер 1. Додека му се придружуваме на светот во одбележувањето на нејзиното заминување, трогнати сме од љубопитноста што Нејзиното кралско височество им ја покажуваше на нашите истражувачи низ годините“, објави НАСА на Твитер.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида со тага реагираше на смртта на британската кралица Елизабета Втора, нарекувајќи ја „голема загуба“ за меѓународната заедница.

Изразувајќи го своето сочувство до кралското семејство и британскиот народ, Кишида рече дека кралицата „играла значајна улога во создавањето мир и просперитет во светот“, истакнувајќи дека покојниот монарх исто така „многу придонесе“ за зајакнување на односите меѓу Велика Британија и Јапонија.

Елизабета Втора беше првиот британски монарх што ја посети Јапонија во мај 1975 година, кога се сретна со императорот Хирохито во царската палата во Токио.

И кинескиот претседател Си Џинпинг изрази сочувство по смртта на кралицата Елизабета Втора.

„Си Џинпинг, кој ја претставува кинеската влада и кинескиот народ, како и во свое име, изразува длабоко сочувство. Нејзиното заминување е голема загуба за британскиот народ“, се вели во соопштението.

Во соопштението се нагласува дека Џинпинг „придава големо значење на развојот на односите меѓу Кина и Велика Британија“.

Индискиот премиер Нарендра Моди вели дека чувствува „болка“ поради смртта на кралицата.

„Кралицата „обезбеди инспиративно лидерство на својата нација и народ“, напиша Моди на Твитер, додавајќи дека „персонифицирала достоинство и пристојност во јавниот живот“.

Во Пакистан, претседателот Ариф Алви ја нарече кралицата „голем и благотворен владетел“.

„Таа ќе биде запаметена со златни зборови во аналите на светската историја“, нагласи тој.

Слични објави

(Фото) „Имам подливи..“: Сопругата на Дарко Лазиќ ги смали усните и го смени личниот опис, еве како изгледа сега

Еспресо

(Фото) Празнична идила во Севиља: Немања Гудељ позира со Анастасија Ражнатовиќ, фудбалерот не може да ја тргне насмевката од лицето

Еспресо

(Видео) Северина ја покажа празничната трпеза, меѓу украсите и еден со ликот на Јосип Броз Тито

Еспресо

Српски медиуми: „Бреговиќ го затегна лицето во Турција, тоа задоволство го чинеше 5.000 евра!“

Еспресо

(Фото) Фатени заедно: Еве каде беа и што правеа Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ

Еспресо

(Видео) Сопругата на Сергеј Трифуновиќ сподели видео од семејната куќа, а тој никогаш не бил поемотивен: „Кукли мои! Многу сте слатки!“

Еспресо
Се вчитува....