16:17 - 5 декември, 2025

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Таткото на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, Томас Маркл, имал операција, му ја апмутирале левата нога под коленото, што му го спасила животот, ампутирајќи ја левата нога под коленото, открива „Дејли мејл“.

Томас Маркл, 81, бил подложен на тричасовна операција во средата за отстранување на левото стапало и долниот дел од ногата откако згрутчувањето на крвта ја прекинало циркулацијата, па како последица на тоа екстремитетот поцрнел.

Оваа вест ја потврди синоќа неговиот син, Томас помладиот.

– Мојот татко е многу храбар. Неговото стапало посинело, а потоа поцрнело. Се случило многу брзо. Го однесов во локална болница и направија неколку скенирања и ултразвук и рекоа дека ногата мора да се ампутира – рекол тој.

Томас Маркл потоа бил итно префрлен со брза помош во поголема болница во Себу, Филипини – град во кој се преселил претходно оваа година во обид да создаде „нов живот“ подалеку од она што го нарече „постојана болка“ поради отуѓувањето од Меган.

Лекарите веднаш го однеле на операција и му го отстраниле екстремитетот.

– Немаше избор. Ми беше кажано дека ногата мора да се ампутира и дека во прашање е живот или смрт – раскажал неговиот син.

Томас Маркл сега се соочува со уште една процедура за отстранување на згрутчување на крвта во левата бутина.

Неговиот син Томас помладиот, кој бил негов главен старател, рекол дека лекарите остануваат „крајно загрижени“ за благосостојбата на неговиот татко.

– Еден од неговите лекари рече дека следните два или три дена се критични. Неговата лева нога беше ампутирана под коленото. Тие беа загрижени поради можноста од инфекција – сепса или гангрена. Месото било црно и изумирало. Немало избор. Или „мораме веднаш да оперираме и да ја ампутираме ногата или ќе умре“. Тоа беше ситуација опасна по живот – додал неговиот син.

Тој во моментот се наоѓа на интензивна нега и неговата состојба е стабилна.

Томас Маркл е отуѓен од својата ќерка, Меган Маркл, војвотката од Сасекс – која ја одгледал сам од 11 до 18 години – уште од кралската венчавка во 2018 година.

Тој позираше за папараците пред венчавката, верувајќи дека тоа ќе го прикаже во подобро светло, без знаење на Меган и принцот Хари, а потоа сакаше и да ги продаде тие фотографии.

Подоцна доживеа два срцеви удари и рече дека неговата ќерка е „бесна“ на него.

Кога не можеше да присуствува на нејзината венчавка во капелата „Свети Ѓорѓи“, Меган влезе сама и беше придружувана до олтарот од кралот Чарлс, чин што Маркл го нарече „неверојатно љубезен и великодушен“.

Во последниве години, тој беше во лоша здравствена состојба, а како што пишуваат медиумите, наводно никогаш не го запознал својот зет, принцот Хари, ниту неговите внуци Арчи (6) и Лилибет (4).

Слични објави

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin
Се вчитува....