8.8 C
Скопје
19:55 - 11 февруари, 2026

Берлускони во тестаментот оставил милиони за сите блиски – децата ја добија компанијата, а брат му Паоло и неговата девојка по 100 милиони евра

Во тестаментот на неодамна починатиот поранешен италијански премиер Силвио Берлускони кој е објавен денеска, се наведува дека поголемиот дел од компанијата „Фининвест“ ќе им припадне на неговите деца Пјер Силвио и Марина Берлускони.

Заедно, тие двајца ќе поседуваат 53 отсто од компанијата, објавува агенцијата АНСА.

Берлускони му остави 100 милиони евра на својот брат Паоло, исто толку и на неговата девојка Марта Фасина, додека на советникот Марчело дел Утри му даде 30 милиони евра.

Покрај распределбата на имотот, италијанската агенција објави и порака која италијанскиот бизнисмен им ја оставил на своите деца.

„Ви благодарам и многу љубов до сите вас. Вашиот татко“, рече Берлускони.

Одлуката за распределба на сопственоста на Фининвест бизнисменот ја донел уште во 2006 година, кога го составил својот прв тестамент.

Во тоа време, тој изјави дека Пјер Силвио и Марина Берлускони ќе добијат мнозинска сопственост на компанијата, но дека неговото наследство ќе биде подеднакво поделено. Остатокот од имотот ќе биде распределен на преостанатите деца – Барбара, Елеонора и Луиџи.

Ниту едно од децата нема да има директна контрола врз компанијата како што имал нивниот татко, наведува АНСА, додавајќи дека нотарот во следните неколку часа ќе ги изврши сите законски обврски.

Слични објави

8.000 евра за насмевка, 2.500 евра за усни, 7.000 евра за нос… Дара Бубамара вложила вртоглава сума во својата убавина, а за бујните гради платила баснословен износ

Еспресо

Нада Топчагиќ откри кои големи хитови ги одбила: „Таа песна ќе беше круна на мојата кариера“

Е.А.

(Фото) Луна Ѓогани го покажа рамниот стомак: По две породувања изгледа совршено, а сега откри како ја достигна посакуваната тежина

Еспресо

Од спалната се влегува во луксузно купатило: Погледнете како изгледа станот на Огњен Амиџиќ, за реновирање дал околу 100.000 евра

Еспресо

(Фото) Џенифер Лопез и на 56 години изгледа совршено! Пејачката ја откри нејзината тајна за фит тело

Еспресо

(Видео) Биску до трагедија: Ѓорѓе Давид бил сведок на пијан возач кој возел во спротивен правец!

Еспресо
Се вчитува....