9.8 C
Скопје
13:00 - 31 март, 2026

Берлускони изнакупил „петпарачки“ слики кои сега се главоболка за неговите наследници: Трошоците за истребување на штетниците ја надминуваат вредноста на сликите

По поделбата на имотот и компаниите по тестаментот, децата и внуците на починатиот италијански бизнисмен и премиер Силвио Берлускони имаат нова главоболка.

Имено, Берлускони своевремено купувал многу од сликите и скулптурите од доцните ноќни телевизиски програми за продавање. Сега пак, некогаш наречените безвредни слики, се увиде дека создаваат проблем.

Милијардерот, кој почина во јуни на 86-годишна возраст, изнајмил голем магацин во близина на неговата вила во градот Аркоре за да смести околу 25.000 уметнички предмети со претежно ниска вредност, вклучително и слики и статуи купени на телевизиски аукции. Магацинот имал трошоци за одржување од околу 800.000 евра годишно, пренесуваат италијанските медиуми – а тоа токму сега претставува тежок товар за неговите наследници.

Целата колекција се проценува дека вреди околу 20 милиони евра, во просек 800 евра по слика.

Дрвените црви веќе уништиле дел од колекцијата. Во некои случаи, трошоците за истребување на штетниците ја надминуваат вредноста на сликите.

Берлускони, кој доминирал во италијанската политика од раните 1990-ти, имаше нето богатство од околу 6 милијарди евра во моментот на неговата смрт.

Меѓутоа, тој поседувал и слики со повисок квалитет. Неговата главна резиденција била украсена со дела од ренесансниот сликар Тицијан и холандскиот велемајстор Рембрант.

Чезаре Лампронти, трговец со уметнички дела од Лондон, кој одржувал блиски односи со Берлускони три децении, изјави за Би-би-си дека милијардерот бил импулсивен купувач.

Најмногу купувал портрети на жени кои ги подарувал на пријателите.

 

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо
Се вчитува....