32.8 C
Скопје
14:16 - 10 септември, 2026

Бен Афлек се разјасни себеси за алкохолизмот: „Сè уште би пиел доколку останел во брак со Џенифер Гарнер“

Актерот Бен Афлек ги ревидираше обвинувањата против поранешната сопруга Џенифер Гарнер која во едно интервју ја наведе како виновна за неговиот алкохолизам со кој се бореше до не така одамна, пишува „Пејџ сикс“.

Во интервју за „Холивуд репортер“, Афлек рече дека станал многу внимателен со зборовите кои ги кажува пред новинарите, откако во 2021 година му рекол на новинарот Хауард Стерн дека сè уште би пиел доколку останел во брак со Џенифер Гарнер. Сега, Афлек се изјаснува дека овој негов коментар бил погрешно протолкуван.

„Погледот што се обидував да го пренесам беше погрешно сфатен“, рече Афлек.

Бен Афлек продолжи и додаде: „Се обидував да кажам: „Еј, види, пиев премногу и колку помалку си среќен, без разлика дали тоа поради твојата работа или брак, исто како што твојот живот станува потежок, таквото пополнување на празнината со алкохол не е здраво, и ќе стануваш уште повеќе несреќен“. Мислам дека сега доста јасно објаснив“.

Кога актерот се појави во радио емисијата на Стерн, тој рече дека „дел“ од причината поради која почнал да пие е затоа што се чувствувал „заробен“ во бракот со Гарнер.

Овие изјави предизвикаа критики од обожавателите, па дури и од блиските пријатели на неговата поранешна сопруга.

Афлек и Гарнер беа во брак од 2005 до 2018 година. Заедно имаат три деца: 17-годишната Виолет, 14-годишната Серафина, 11-годишниот Самуел.

 

Слични објави

(Фото) Дора, сестрата на Тоше Проески, сподели ретка семејна приказна со синовите Кристијан и Никола

Еспресо

Лепа Брена откри какви автомобили има: „Еден ми е само за на пазар“

Еспресо

Мартин Вучиќ по долго време се појави во јавноста со приватна приказна

Еспресо

Експертите препорачуваат неколку практични совети кои секојдневно можете да ги применувате ако имате низок притисок

Еспресо

Порасна синот на Весна Петрушевска – се огласи Кирил по шест години живот во Америка

Еспресо

Дневен хороскоп за 10 септември: Бидете искрени во разговорот со важна личност

apostolova
Се вчитува....