4.8 C
Скопје
22:57 - 12 март, 2026

Бен Афлек планира „журка за слободата“ без Џенифер Лопез: Еве ги деталите за прослава на разводот

Американскиот актер Бен Афлек планира да организира забава без Џенифер Лопез по гласините за развод на двојката. За ова пишува „Heat World“.

Извори блиски до оскаровецот Афлек велат дека тој веќе планира „журка за слободата“ за да го прослави крајот на врската со Џеј Ло. Покрај тоа, актерот не избрал само едноставно место, туку и локацијата каде се венчале пред две години.

„Бен само сака да се оддалечи од сето тоа и повторно да ужива во животот, а сака да ги покани своите блиски пријатели на забавата. Тој веќе зборува за организирање на голема забава во Џорџија, што е некако иронично бидејќи таму тој и Џеј Ло правеа голема свадба, но исто така, сака забавата да продолжи потоа во Лас Вегас, бидејќи тој сè уште сака да игра покер и многу негови пријатели ја делат истата страст- но таму (во Лас Вегас) официјално се венчаа! – вели инсајдерот за списанието „Хит ворлд“.

„Без разлика каде ќе одлучи да ја приреди оваа забава, дури и ако тоа е место што нема никаква врска со неговиот брак, како Мексико, ќе биде болно за Џеј Ло бидејќи ќе се сфати како тој во суштина слави за бегството од неа“, додаде изворот.

Шпекулациите дека нивниот брак пропаднал првпат се појавија во мај 2024 година по извештаите дека Бен се иселил од домот во Беверли Хилс што го купиле претходната година. Потоа, заедничкиот имот на парот се појави на веб-страница за продажба на имот.

 

 

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....