6.8 C
Скопје
04:48 - 21 февруари, 2026

Бен Афлек и Џенифер Лопез викендов ќе прават втора свадба: Сè е подготвено, еве што ќе се случува, каде и кои гости се поканети

Парот, кој кажа „да“ во Лас Вегас минатиот јули, ќе го повтори судбоносното зборче овој викенд, на неговиот имот во Џорџија. Свадбената програма предвиздува три дена прослави, но ништо блескаво, барем така уверуваат добро упатените. Ќе биде нешто многу интимно, резервирано за роднините и пријателите. 

По венчавката во јули, прославена во тајност во Лас Вегас и соопштено на јавноста дури после чинот, Џенифер Лопез и Бен Афлек се подготвени за бис. Овој пат, сепак, ќе биде сосема поинаква церемонија, за која се шпекулира веќе неколку недели.

Во последниве часови конечно стигна потврда, тука е и датумот. „Бенифер“ следниот викенд повторно ќе кажат „да“, а прославите ќе траат цели три дена, пренесува Венити фер.

Сепак, ништо особено бучно, барем според Page Six, кој ексклузивно ја објави веста: парот сака да слави на интимен начин, со роднините и пријателите. Забавата ќе започне во петок на 19 август, со вечера, додека во сабота ќе се случи вистинската церемонија.

Невестата, која носеше два фустани во Лас Вегас, еден многу едноставен кој веќе го имала во гардероберот и друг креација од Зухаир Мурад, сега треба да го облече фустан дизајниран од Ралф Лорен. Организацијата на свадбената церемонија е во сигурни раце на Колин Кауви, планерот за свадби на ѕвездите, кој зема од 25.000 до 25 милиони долари за организирање на забави. Тој објасни дека „госпоѓа Афлек сигурно нема да штеди на трошокот“.

Свадбата ќе се случува на имотот на Афлек во Рисборо, Џорџија, каде се очекуваат многу познати гости, од Кејси Афлек, братот на Бен, до Џими Кимел, до Мет Дејмон, голем пријател на парот. Сите заедно со нивните семејства ќе бидат присутни и во недела кога ќе биде организирана забава во пикник стил со скара.

 

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....