21:48 - 11 ноември, 2026

Делфин во Јапонија почнал да ги напаѓа пливачите: Полицијата ги предупредува посетителите да внимаваат

По серија напади на делфини, јапонските власти ги предупредија капачите да се држат настрана од животните. Тие сметаат дека нападите ги извршил еден делфин, односно дека не се работи за опасност од неколку различни делфини.

Животното за кое станува збор, обичен индо-пацифички делфин, се чини дека повредил најмалку шест лица на три плажи во префектурата Фукуи од крајот на јули, каснувајќи неколку од нив.

Повеќето инциденти се случиле на 10 метри од брегот, што укажува на тоа дека делфините во областа се навикнале на средби со луѓе во плиткото. Локалните медиуми објавија дека властите инсталирале подводен уред кој емитува ултразвучни бранови за да се обидат да го одвлечат вниманието на делфините од капачите. Но и после тоа се случиле два напади.

Во најлошиот инцидент, делфинот на еден човек му ја гризнал раката и тој добил 14 конци.

Поради тоа, полицијата почнала да патролира по плажите и да дели летоци со кои ги предупредуваат посетителите на потенцијалната закана и бараат од нив да се држат настрана од овие животни, пишува The Guardian.

„Делфините не сакаат да ги допираат по одредени делови од телото, како што се врвот на носот и грбните перки“, вели Масаки Јасуи, службеник во одделот за промоција на туризмот.

Експертите од аквариумот Фукуи веруваат дека нападите ги извршил одреден делфин кој првпат бил забележан во областа во април. Меѓу жртвите имало двајца мажи на 40-годишна возраст, и двајцата добиле болничко лекување поради полесни повреди, и маж на 60-годишна возраст, кој пливал на помалку од четири метри од брегот на плажата Такасу кога делфинот го каснал за рака.

„Слушнав за делфинот на вестите и веднаш требаше да излезам од водата ако го видам, но го забележав дури кога веќе беше до мене“, изјави 60-годишникот за локалниот весник.

Сопственикот на блиското кафуле изјавил дека порано делфините повремено туркале капачи, но неодамна почнале и да се „фрлаат на нив“.

Слични објави

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova
Се вчитува....