05:15 - 6 април, 2026

БЕЛА ХАДИД И НЕЈЗИНИТЕ ПРОБЛЕМИ СО МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ: „Чувствував измачувачка и исцрпувачка болка…“

Супермоделот се отвори и слободно зборуваше за проблемите со менталното здравје.

Бела Хадид, супермоделот и сестра на Џиџи Хадид, не е првпат да се разголи зборувајќи за своите психички проблеми. Таа веќе го направи тоа на Инстаграм, користејќи објава со долг опис и неколку фотографии кои ја прикажуваат како плаче. Таа повторно зборуваше за проблемите кои ги има, овојпат за WSJ Magazine.

Во интервјуто таа објаснува дека во овој момент психички се чувствува „чудно“ и признава дека две години веќе немала стилист кој ѝ избира облека што ќе ја носи. Понатаму објаснува дека ѝ е тешко да излезе од дома особено поради вознемиреноста предизвикана од папараците кои постојано се пред нејзиниот дом.

Но, откако се изборила со анксиозноста и се справила со проблемите со менталното здравје, Бела рече дека научила да го прифаќа својот стил на облекување и дека денес се облекува така како што се чувствува најдобро.

На прашањето за селфи-јата што ги објавила на Инстаграм на кои им се покажува во солзи на  нејзини следбеници, Бела коментира дека полесно ѝ било да испрати фотографија како се чувствувала во моментот отколку да објаснува со зборови како се чувствува. Нагласува дека во тој период чувствувала ментална и физичка болка, но дека нашла голема поддршка на социјалните мрежи. Односно, нејзините следбеници и пријатели направиле да не се чувствува сама во момент на екстремна тешкотија.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....