03:10 - 7 април, 2026

Бајден на прва посета како претедател во Израел: „САД се посветени на безбедноста на Израел“

Шефот на Белата куќа беше пречекан во Тел Авив од премиерот Лапид, претседателот Херцог и поранешните премиери Бенет и Нетанјаху. Немаше ракување.

Американскиот претседател Џо Бајден, по неговото пристигнување во Израел на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, заедно со израелскиот премиер Јаир Лапид и министерот за одбрана Бени Ганц, посетија голем број системи за противракетна одбрана, вклучувајќи ги и Iron Dome и Iron Beam – системи за нова ласерска одбрана, апарати дизајнирани да соборуваат помали цели, како што се беспилотни летала, ракети, минофрлачи и противтенковски проектили.

Шефот на Белата куќа, кој отпатува во оваа земја од Блискиот Исток за прв пат како претседател, потоа стигна во Ерусалим на церемонија во Музејот на холокаустот Јад Вашем.

„Ќе продолжиме да ја поддржуваме поголемата интеграција на Израел во регионот“, потврдувајќи ја „посветеноста на САД за безбедноста на Израел“, рече Бајден, а сите забележаа уште од пристигнувањето на аеродромот дека немаше ракување меѓу претседателот и високите претставници на Израел, со образложение дека тоа е поради ковид-19.

Следната посета на Бајден ќе биде блискоисточно патување што ќе го доведе очи во очи со контроверзниот политичар Мохамед бин Салман.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....