3.8 C
Скопје
23:11 - 20 декември, 2024

AVON со нова донација продолжува со поддршката на борбата против рак на дојка

Во месец октомври кој веќе традиционално е посветен на борбата против ракот на дојка, AVON  Македонија донира 1.218.000 ден на невладиното здружение Езра кое има за цел да поттикнува иницијативи за развој во здравството, за подобрување на здравствените услуги и подобро застапување и поддршка на пациентите.

Компанијата AVON долги години е активно вклучена во земјава во континуирани хуманитарни кампањи за борба против рак на дојка со цел да се зголеми свесноста за себегрижа и потребата од рана детекција на ракот на дојка. Придонесувајќи на тој начин за постојана едукација на женската популација, започнувајќи од девојките кои се во своите тинејџерски години, а кај кои AVON производите се едни од најомилените.

100% од профитот е од средствата собрани од продажбата на АVON производите од линијата со розова панделка и истите се наменети на за активностите во борба против ракот на дојка. Овој октомври во оваа хуманитарна акција се вклучија  4-те розови нијанси од Avon Ultra Matte карминот, од кој 20% од продажбата е наменета за оваа хумана цел.

Средствата кои се донирани ќе бидат наменети за повеќе клучни активности од проектот кои вклучува донирање на „розови„ пакети кои ќе се доделуваат на 100 новооперирани пациентки на клиниките. Овие пакети наречени „Од мене за тебе“ ќе содржат производи кои се потребни на секоја оперирана жена, перничиња, кебиња, средства за хигиена и освежување, надворешни меки протези, помагала за вежби на рацете, информативни водичи кои се специјално дизајнирани за новите пациентки со сите потребни информации, потребна козметика и креми и др. Пакетите се посебно дизајнирани согласно насоките од веќе оперираните жени кои имаат искуство и знаат што е најпотребно во првите денови од операцијата.

Проектот вклучува бесплатни консултации на околу 200 пациентки со рак на дојка кои ќе имаат можност во нивниот град да добијат консултација и совети од онколог. Исто така, 150 жени и членови од нивното блиско семејство ќе добијат бесплатни консултации со психотерапевт, физиотерапевт и социјален работник, кои се важни во справување со секојдневието и предизвиците на овие пациенти. Здружението, во соработка со младите правници и Правната Аптека ќе обезбедат бесплатни правни совети за сите пациенти кои што ќе побараат поддршка.

За време на сите овие активности,  13 жени ќе се охрабрат преку видео пораки да ги споделат своите приказни и искуства, предизвиците кои кои се соочуваат за време на лекувањето и ќе укажат дека има живот и после ракот, но секој борец треба да добие соодветна поддршка.

Како компанија која е дел од секојдневието на секоја жена, независно од нејзината возраст и образование “АVON” континуирано  иницира и поддржува проекти и здруженија од хуманитарен карактер отсликувајќи ја својата заложба за подобар и поквалитетен живот за сите и развивајќи го чувството за помош, поддршка и солидарност”. Оваа кауза ќе биде карактеристика за АVON и во иднина, изјави Дана Стојкова – Национален менаџер за продажба во AVON Македонија.

 На светско ниво, ракот на дојката, е најчест рак кај жените, афектирајќи околу 10% од женската популација во некоја етапа од нивниот живот. Според статистиката приложена од Институтот за јавно здравје, од рак на дојка во Македонија годишно умираат 279 жени, или 27 на 100.000. Најголем број од смртните случаи се на возраст од 55 до 59 години.

Покрај напорите што се прават за да се постигне рана детекција и ефективен третман, околу 20% од пациентите со рак на дојката умираат од оваа болест. Според ова ракот на дојката е втора најчеста причина за смрт од малигни заболувања кај жените.

Комерцијален текст.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....