-2.2 C
Скопје
23:16 - 17 декември, 2025

Авганистанска пејачка проговори за ужасното бегство: Се плашев дека ќе ме силуваат и ќе ме убијат…

Аријана Сајед

Пејачката која ја водеше авганистанската верзија на шоуто „The Voice“ е меѓу ретките кои успеале да избегаат од Авганистан, а јавно проговори за шокантното бегство.

Пејачката Аријана Сајед (36) неодамна успеала да избега од нејзината родна земја Авганистан со својот вереник Хасиб Сајед.

Имено, Аријана има британско државјанство, а нејзиниот свршеник е Канаѓанец, па поради тоа имале малку помалку проблеми, но пејачката била мета токму поради нејзината популарност.

„Се плашев дека ќе ме фатат, ќе ме извлечат и ќе ме исмеваат на телевизија, а потоа ќе МЕ силуваат и ќе ме фрлат пред милиони луѓе како да сум парче месо“, вели поп-ѕвездата за талибанскиот режим.

Својата платформа и популарност ја користи токму за поддршка на други жени и девојки и борба за човекови права, а таа исто така добила и некои смртни закани.

„Тајната служба ме предупреди дека во Кабул циркулира автобомба испратена да ме убие, а платиле и жена да ме убие за време на снимањето на националната телевизија. Подоцна, истата жена рече дека повторно би го направила истото ако не беше уапсена“, раскажа Сајед.

Бегството на Аријана и нејзиниот сопруг од земјата било хаотично и како што вели, не можеле да се качат на авионот првиот ден поради километарските колони од луѓе кои очајно се обидувале да побегнат.

„Следниот ден тргнавме по заобиколен пат со автомобили со жените и децата. Нè запреа на еден контролен пункт. Седев во аголот и се молев да не ги бараат нашите документи или имиња, и нè пуштија кога ги видоа децата“, рече Аријана.

На аеродромот, една жена ѝ го подала своето бебе и ја молела да го земе со себе.

„Последна ме пуштија во авионот и кога војникот ме праша дали е мое дете, ја кажав вистината. Војникот го врати бебето кај мајката и ја затвори вратата. Тоа целосно ме скрши“, раскажа Саид, пренесува „Си -Ен -Ен“.

Сајед и како дете избегала од Авганистан, а нејзиното семејство било примено во Обединетото Кралство. Често се враќала во Авганистан, но со својот вереник купила куќа во Истанбул, каде што планира да оди.

„Имав среќа и избегав од Авганистан. Но, што е со луѓето што сè уште се таму? Не можам да престанам да размислувам за нив“, вели таа.

Преку своите социјални мрежи, Аријана продолжува да ги повикува американските и европските политичари да не му го вртат грбот на Авганистан и да ги спасат луѓето кои немаат начин да избегаат.

Слични објави

„Мојта прва сопруга е преубава, а никој не пишува за неа“: Ова е поранешната сопруга на Данило Икодиновиќ 

E.A.

„Срцето ми беше полно што е тука“: Саша Ковачевиќ ја поканил поранешната девојка на концерт иако не ја видел одамна

E.A.

(Фото) Ова е единствената фотографија од првата жена на Раде Шербеџија: Во песна признал дека е виновен за крахот на бракот со Иванка

E.A.

Нада Топчагиќ искрено проговори за изгледот на колешката Вера Матовиќ: „Направила убави операции, но не може да ги скрие годините“

apostolova

Сексуално ги вознемирувал колешките под дејство на дрога: Хрватски режисер трајно исфрлен од Друштвото на хрватски филмски режисери

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ ја покажа својата ќерка: По концертот на Саша Ковачевиќ, директно кај својата миленичка

Еспресо
Се вчитува....