Атина Ферари откри како се запознале таа и Аца Лукас, нагласувајќи дека тој цели две години ја молел да се видат.
– Што се однесува до Аца Лукас, имам целосна слобода да зборувам за нашиот однос, тој нема да се налути. Ние сме многу добри пријатели. Морам да раскажам како се запознавме… Пред неколку години водев програма во еден убав ресторан кај наши заеднички пријатели во Чачак. Таа вечер Лукас требаше да настапи, но сите знаеме каков е Аца. Се забавил некаде и не се појави. Јас како водителка морав да ја задржам публиката од над 100.000 луѓе, па пеев и правев шеги за да останат. Подоцна ми се заблагодари преку порака и така почна нашата комуникација – раскажува таа.
Нивното допишување, според неа, траело полни две години пред да се запознаат во живо.
– Тој ме молеше две години да се видиме. Ми беше дури и смешно, мислам дека сè уште ги имам тие пораки. На крај, по еден мој љубовен бродолом, прифатив да се сретнеме, но само како пријатели.
– Условите беа мои! Сакав да дојде по мене со автомобил, да излеземе во јавен ресторан, а не по станови и куќи. Сакав да се вратам дома до 23 часот, вечерта да помине без алкохол и било какви супстанци. Тој ги прифати сите мои услови, дојде навреме, не задоцни. Вечеравме, испивме по една чаша вино и ме врати дома точно на време. Така почнавме да се дружиме – вели пејачката со насмевка.
Атина Ферари за првпат призна дека со Лукас имала емотивна врска: „Не можам да бегам од вистината, Аца е премногу паметен и прекрасен човек. Не сум го гледала низ призма на кариерата, иако знам каков глас го следи. Две години размислував дали воопшто да се запознаеме. Со текот на времето сфатив колку е нежен и емотивен. Жените се лепат за него за слава, а тој со многу од нив дури и не бил близок. Никогаш досега не сум зборувала за него, ова е првпат и веројатно последен. Не ми треба слава преку неговото име. Ако вредам, ќе ја стекнам сама“.
– Вистина е, по неколку години дружба Аца и јас почнавме да се забавуваме. Тој сега живее во Нови Сад, не е во Белград, па потешко се гледаме. И двајцата работиме многу, јас дури и останав без глас на шабачкиот вашар. Но, сум голем борец и се борам сама. Ова е првпат да признам – бев со Аца Лукас во однос, и сè уште сме во контакт. Имам само пофални зборови за него, ми дал прекрасни совети и секогаш е тука за мене – заклучува Атина.
