14:17 - 3 април, 2026

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД бидејќи во неделата тренираше два тима, и секој од нив плати по 150.000 долари за вежбање со личен тренер.

Шварценегер „призна“ дека сега наплаќа 150.000 долари по тренинг во неговата омилена теретана лоцирана во Калифорнија. Оваа недела тој имаше можност да вежба со две групи и секоја од нив ја обезбеди споменатата сума, но сето тоа беше за добротворна цел.

Двете групи ги купија тренинзите со актерот на аукција во рамките на добротворната кампања „After-School All-Stars“, која Шварценегер ја основа пред 30 години за да им помогне на учениците ширум земјата.

Во целата кампања биле донирани 5,2 милиони долари, од кои 1,75 милиони се заработени од аукцијата. Покрај тренинзите, Арнолд на аукцијата продавал и облека, уметнички дела и возење во неговиот тенк.

Гостите плаќале 50.000 долари по лице за да присуствуваат на настанот на кој се појавиле и Силвестер Сталоне, Дени Де Вито и Долф Лундгрен, заедно со актерската екипа од новата серија на Арнолд Шварценегер која се прикажува на Нетфликс, „FUBAR“.

Неодамна, преку неговата кампањата „After-School All-Stars“, тој помогна да се спроведе училишна програма во Увалде, Тексас, на барање на градот, и беа потребни само 45 дена за програмата да биде подготвена да им помогне на децата со нивните воншколски активности.

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....