8.8 C
Скопје
12:15 - 1 април, 2026

(Фото) Анџелина Џоли конечно има официјално момче: Еве кој е Акала

Анџелина Џоли, според пишувањата на британските медиуми, конечно го има своето прво официјално момче од 2016 година. Холивудкста ѕвезда се почесто е видена во друштво на британскиот рапер наречен Акала, но кој е тој?

Таа отсекогаш била една од музите на Холивуд, и секогаш била во центарот на вниманието каде и да се појави. Од раскинувањето со Бред Пит, пред нешто помалку од една деценија, ѝ се припишуваат многу имиња на различни евентуални партнери, но досега Џоли изгледа не ѝ давала нова шанса на љубовта… До сега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Akala (@akalamusic)

Се чини дека ситуацијата се промени за Џоли, која во минатото беше поврзувана со познати личности како што се The Weeknd, Пол Мескал и Дејвид Мајер де Ротшилд, а сега, списанието Oџи објави ексклузивни фотографии кои ја поврзуваат актерката со британскиот рапер и поет Акала. Акала всушност е уметничко име зад кое стои Џејмс Кингсли Меклин Дејли.

Тој и во други прилики е виден во друштво на актерката, а на неодамнешните фотографии можете да ги видите двете ѕвезди на вечера во Милано, Италија, со екипата на филмот „Марија“. Според „Оџи“, двајцата пристигнале заедно во ресторанот и исто така заедно заминале во хотелот.

Ова не е прв пат Акала и Џоли да се видат заедно, бидејќи минатиот мај тие заедно отпатуваа на островот Јамајка за да присуствуваат на книжевниот фестивал Калабаш, но и во минатото делеле време заедно, присуствувајќи на концерти како што е одржаниот во 2021 година од Мустафа Ахмед, чие уметничко име е Мустафа поетот. Сепак, ниту еден од нив не ја потврди формално врската.

Фановите на парот Бранџелина веќе ја исклучија надежта за помирување меѓу Џоли и Пит,  бидејќи нејзиниот поранешен сопруг е веќе во стабилна врска со млада жена со шпанско потекло по име Инес де Рамон.

Џоли и Пит имаа 12-годишна врска помеѓу 2002 и 2016 година, а се венчаа во 2014 година откако посвоија шест деца. Сепак, нивната правна заедница траеше само две години пред Џоли да се поднесе барање за развод наведувајќи ги „непомирливите разлики“.

 

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....