10:21 - 12 ноември, 2026

Анџелина Џоли го обвини Бред Пит: Ги давеше и ги тепаше децата, го молеа да престане

Актерката Анџелина Џоли поднесе противтужба со сериозни обвинувања против нејзиниот поранешен сопруг, актерот Бред Пит. Во неа таа детално ја опиша случката наведена  како злоставување во приватен авион во 2016 година.

Во тужбата поднесена во вторникот во Лос Анџелес од страна на адвокатите на популарната актерка таа тврди дека на 14 септември 2016 година имало расправија во авион, што наводно било причина таа да поднесе барање за развод неколку дена подоцна.

„Кога едно од децата вербално ја одбранило Џоли, Пит му се нафрлил на сопственото дете, а Џоли го фатила одзади за грбот за да го спречи. За да се ослободи од неа Пит се фрлил на седиштата во авионот и ги повредил грбот и лактот на Џоли“, стои во докуметите доставени до судот и следува:

„Децата се втурнаа внатре и сите храбро се обидуваа да се заштитат еден со друг. Пред да заврши Пит давеше едно од децата, а друго удри по лицето. Некои од децата го молеа Пит да престане. Сите беа преплашени.“

Освен тоа, за време на „многуте напнати часови“ од летот, Пит „повремено излегувал од задниот дел на авионот за да им вика и да ги пцуе“ и „во еден момент ја полил Џоли со пиво, а потоа ги полевал децата со пиво и црвено вино“, се наведува во противтужбата која беше поднесена како одговор на тужбата што Пит ја поднесе против Џоли неколку месеци претходно за продажба на нејзиниот удел во нивниот француски замок.

Адвокатите на Пит сѐ уште не се огласиле по ова прашање.

Слични објави

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.
Се вчитува....