15:03 - 3 април, 2026

Анџелина Џоли го моли Бред Пит: „Прекини ги судските случаи“

Анџелина Џоли сака да ја прекине правната битка со Бред Пит. Таа му се обратила на поранешниот сопруг со барање да ги повлече судските случаи.

Пит бара Џоли да му достави цела архива на документи поврзани со замокот во Франција што некогаш го поседувале заедно. Бред, исто така, ја обвинил Анџелина дека под притисок се обидела да добие дел од „тоа што не е само нејзино“, а дополнително се спорат за случајот за обвинени кон Пит од страна на Џоли дека „ја претепал пред децата“, што всушност беше и поттик за развод.

Но сега, Анџелина е таа која моли. Според инсајдер за американските таблоиди, таа повторно го замолува Пит да престане да се судат и конечно да го стави нивното семејство на „пат кон опоравување од стресови“.

„Ако г-дин Пит не се откаже од тужбата, Анџелина нема друг избор освен да ги обезбеди потребните информации за да докаже дека неговите наводи се лажни“, вели инсајдерот.

Двојката се разведе во 2019 година и долго се судеше околу прашањата поврзани со старателството над децата. Потоа се појави нов проблем, кој повторно се решаваше судски – проблем со замокот и винаријата во Франција, кои славните ги купија пред нивната венчавка. Џоли поседуваше половина од замокот, но го продаде својот дел пред три години на руски милијардер со што ги „врза“ рацете на Пит да стопанисува со неговата половина од замокот бидејќи има нов ко-партнер.

Според Пит, имало вербален договор според кој Анџелина не можела да ја продаде својата половина од замокот без да се консултира со него. Сепак, актерката не му дала можност да го откупи делот што се продава.

Потсетуваме дека адвокатите на Џоли тврдат дека Пит барал од актерката да потпише „договор за необјавување на лични информации“ што ќе ја спречи да им открие на новинарите за неговиот однос кон неа. Од страната на Пит пак, адвокатите ја тужат за непочитување на потпишаниот договор.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.
Се вчитува....