21:52 - 9 јануари, 2026

Ана Шутиноска роди ќерка: Постојано балансирам помеѓу бебето и тодлерот

За првпат јавно, радио- водителката Ана Шутиноска ја покажа својата ќерка Софија, и раскажа на кој начин ѝ се сменил дневниот ритам откако е мајка на две деца.

Пред само еден месец ја роди ќерката Софија, а често можете да ја сретнете како ужива со ќерката во Градскиот парк, одмарајќи на клупа додека таа спие. Новинарката од „Антена 5“ радио, Ана Шутиноска и нејзиниот сопруг Гордан пред две ипол години станаа родители на Бобан, а сега нивната среќа е двојно поголема.

Ана во неколку наврати отворено зборуваше дека и двете деца ѝ се зачнати по пат на вештачко оплодување, и дека целата мака и сите солзи се забораваат многу брзо- кога детето ќе дојде во нејзината прегратка.

За првпат јавно, таа ја покажа својата ќерка, и раскажа на кој начин ѝ се сменил дневниот ритам откако е мајка на две деца.

-Софија неодамна наполни еден месец. Се разбира дека дневниот ритам се смени сега е далеку позабавно. Постојано балансирам помеѓу бебето и тодлерот. Секој си има свои потреби и бараат да бидат задоволени, често и во исто време. Така што живееме во еден позитивен хаос“, раскажа Ана за „Еспресо“.

Иако е позафатена од порано и има помалку време за себе, таа воопшто не е сменета, изгледа одлично и вели дека синот Бобан добро ја прифатил сестра му, со очекувани, мали знаци на љубомора.

-Бобан прилично добро ја прифати промената. Ѝ се радува на Софија од првиот момент кога ја донесовме дома, ја гушка, ја бара кога ќе се врати од градинка. Се разбира дека има и љубоморни епизоди, типични за неговата возраст, но за среќа не траат долго“, додава Шутиноска.

Секое бебе е приказна за себе, а Ана вели дека со сопругот Гордан, кој е по професија стиматолог, добро се организираат околу обврските со двете деца.

-Многу менува сега. Има денови кога е супер мирна, цица, спие, како по книга , (се смее) Има денови кога е повознемирена и плачлива. Би рекла, типично бебе. Со Гордан се организираме соодветно на потребите. Во основа, јас сум повеќе посветена на Софија во моментов, а тој е со Бобо.  Нормално, бескрајно сме благодарни и за несебичната помош и поддршка од баба Наде“, раскажува Ана која во моментов е во својот роден град Охрид со децата кај своето семејство,  и ова е првото патување на малата Софија.

Шутиноста е активна личност по природа, а освен карактерот, динамичното темпо ѝ го наметна и работата. Радиото во кое рааботи е постојано дел од многу домашни, регионални и светски музички случувања, а често на терен со своите колеги е и Ана.

-Ми фали работата, се разбира. „Антена 5“ е мојот дом повеќе од 15 години, така што ми фали целата работна атмосфера, како и дружбата со целиот тим. Ќе се вратам откако ќе ми заврши боледувањето. Горда сум на сè што досега професионално сум постигнала. Сигурна сум дека ќе има и уште повеќе успеси за кои ќе зборуваме во иднина“, открива Ана.

Фото: Приватна архива

 

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....