5.8 C
Скопје
03:29 - 1 април, 2026

Ана Николиќ во новите песни си го опиша животот и порачува: „Девојки, немојте да бидете како мене“

Ана Николиќ вчера, во ситните часови, без никаква најава ја изненади својата публика со првиот дел од новиот албум „Благодарам, довидување“ (Hvala, doviđenja).

Новите песни предизвикаа хаос на мрежите, а Ана на сите прозивки и коментари за нејзиниот начин на живот и несогласувања со семејството, наводната борба со пороците и бурната врска со поранешниот сопруг Стефан Ѓуриќ Раста одговори преку текстовите на новите песни, кои се целосно автобиографски.

Така, во песните му се обраќа и на поранешниот сопруг, но во песната „Кидам“ зборува за својата борба со пороците и лошиот начин на живот:

„Нон-стоп дивеење и неспиење, на масата секогаш „просеко“…баш ми е гајле како изгледам, нема шанси да се предадам, својот образ никому не го давам, кога животот на нозе ќе ме фрли, од висина пак ве гледам. Тоа што зборуваат за мене апсолутно не ме мачи, зашто додека одеа во Гуча, јас одев во „Гучи“… – гласи дел од текстот во кој понатаму таа им порачува на девојките – „девојки, немојте да бидете како мене“.

Во песната „Бони и Клајд“ пак, таа му се обраќа на својот брат Марко со кој – како што се шпекулира – не е во добри односи и му порачува: „Кога ќе се вратиш ќе има порамнување на долговите, зашто сестра ти не е д*укара…“.

Инаку, според шпекулациите Ана му должи пари на Марко.

Да потсетиме, Ана веќе неколку месеци ужива во врската со новото момче, композиторот Горан Ратковиќ Ралет, кој и рботеше на нејзините нови песни, а секако, има и песна посветена за него.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....