Композиторот Горан Ратковиќ – Рале веќе извесно време чека сериозна операција, а пејачката Ана Николиќ ја загрижи јавноста откривајќи нови детали за неговата нарушена здравствена состојба.
Иако тврди дека во моментов не комуницираат, таа сепак реши јавно да проговори и да му упати апел.
„Сѐ полошо и полошо е, не сака да оди на лекар, а што да му правам. Сѐ уште не отишол на операција, а јас апелирам да легне. Мора да биде врзан“, изјави Ана.
На прашањето зошто ситуацијата е таква и поради што Рале се однесува така, Николиќ кусо одговори: „Затоа што го нема тоа што треба да го има“.
Инаку, Рале пред неколку дена бил примен на Институтот, подготвен да биде хоспитализиран и да се подложи на неопходна операција на срцето. Сепак, композиторот неочекувано бил отпуштен од болница и интервенцијата е одложена поради други здравствени проблеми.
За својата состојба се огласи и самиот тој.
„Не сум добро. Имав некаква интервенција на заб и сѐ ме боли. Не сум опериран на срцето додека не го решам ова. Сега сум дома, морам да одмарам“, изјави Рале.
