03:07 - 11 ноември, 2026

Ана де Армас проговори за врската со Бен Афлек: „Беше трауматично“

Ана де Армас, која ја воодушеви публиката како Бонд девојка во филмот „No time to die“, во последното интервју одлучи да проговори за причините за раскинувањето со Бен Афлек.

Во интервју за магазинот „Elle“, Ана де Армас зборуваше за лошите страни на живеењето во Лос Анџелес и како нејзината врска со Афлек ја натерала да посака да се исели од градот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caché Cubano (@cachecubano)

„Никаде немавме мир. Новинарите и фотографите постојано не следеа, дури и кога излегувавме да ги шетаме кучињата. Тоа беше толку трауматично за мене што по нашето раскинување се преселив од Лос Анџелес во Њујорк каде што имам многу поголема приватност“, изјави Кубанката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A N A D E A R M A S (@ana_d_armas)

Таа помина една година во врска со Бен Афлек, а се запознале на снимањето на филмот „Deep Water“, а кратко потоа се вљубиле еден во друг. По раскинувањето, кое наводно се случило преку телефон, актерот изгледал многу депресивно и запоставено и се затворил во своите четири ѕида, а Ана се повлече од социјалните мрежи за да го држи приватниот живот подалеку од очите на јавноста.

„Пред една година го избришав мојот профил на Твитер и може да се случи да не објавам ништо на Инстаграм исто толку време“, рече актерката која по Афлек среќата ја најде со потпретседателот на Tinder, Пол Букадакис.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....