12:43 - 31 јануари, 2026

Амбер Херд го продава „свршеничкиот“ подарок од Илон Маск за да плати дел од отштетата за Џони Деп 

Глумицата е растрчана на сите страни за да собере пари и да ја исплати судската отштета која ѝ  одредена. По договорот со издавачка куќа за објавување на книга во која ќе ја раскаже својата приказна со Деп, сега го стави на продажба подарокот од најбогатиот човек на светот со кој беше во врска во 2016 година, Моделот Икс. 

Актерката од Аквамен беше во љубовна врска со најбогатиот човек во светот, Илон Маск, во 2016 година, откако нејзиниот брак со „пиратот од Карибите“ беше уништен. Флерт кој ги наполни страниците на списанијата и сајтовите и што дополнително го повлече за нос Деп, кој отсекогаш бил убеден дека двајцата веќе се забавувале и претходно. Но Херд била двојно неверна, барем според Деп, бидејќи имало нешто и меѓу актерката и нејзиниот колега Џејмс Франко, кој инаку им бил сосед. На судењето беа изнесени и фотографии од размена на нежноста меѓу двајцата направени од безбедносната камера на лифтот.

Маск не се појави на судењето, но сепак Маск никогаш не го негираше љубовниот занес. А постојат и фотографии кои ги овековечуваат среќните денови на Амбер и Илон.

Можеби малкумина знаат дека Маск бил заинтересиран за убавата глумица уште во 2013 година, кога почнал да му пишува пораки на режисерот Роберт Родригез, барајќи негово соучесништво за да му овозможи состанок со Амбер. Весникот Холивуд репортер успеал да дојде до дел од овие пораки: „Ако има забава или настан каде што ќе биде Амбер, би бил заинтересиран да ја запознаам, само од љубопитност“, пишувал Маск. Или: „Слушнав дека Амбер е обожавател на Џорџ Орвел и Ајн Ранд. Многу необично“.

После три години навистина се родила врската, но траела само една година. За списанието Ролинг Стоун тој открива дека бил „навистина вљубен“ и додава: „Многу страдав. Таа ми раскина“. Но, во меѓувреме пристигнал и свршувачкиот подарок. „Моделот Икс“ – електричниот кросовер на Тесла кој во 2015 година беше лансиран како најбезбеден теренец. И сега актерката сака да го продаде за да собере пари и да почне да ја плаќа судската отштета за Деп.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @sincitytesla

Ова не е единствената иницијатива на Херд да собере пари. Таа, исто така, неодамна потпиша договор со позната издавачка куќа за да напише книга во која ќе ја раскаже својата приказна со Деп уште еднаш. Страниците, сепак, пред да ги предаде на издавачката куќа, Амбер ќе ги предаде на своите адвокатии кои треба да ја проверат секоја „запирка“ во текстот за да не заврши повторно во неволја, слична на онаа која ја имаше со Вашингтон пост и која всушност ја донесе до судницата.

Слични објави

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо
Се вчитува....